Архангел Варахил

(Пренасочено од Св. Архангел Варахил)

Варахил (хебр. ברכיאלблагослов Божји“), е еден од Седумте архангели во православието.

Фреска со архангел Варахил

Во Третата книга на Енох опишан е како еден од ангелските кнезови, со 496,000 миријади ангели со него. Се вбројува меѓу четирите владеачки серафими, и кнезот на второто небо и на редот на исповедниците. Во Лемегетонот опишан е како еден од главните ангели на првиот и четвртиот хор.[1] Се смета и за ангел на молнјата.[2]

Некаде се смета дека е иста личност што и Варакјал, кој понекогаш се спомнува како паднат ангел.[2]

Иконографија

уреди

Во иконографијата понекогаш прикажан е како држи бела роза наспроти градите, или ливчиња од роза расфрлени по неговата облека, особено по наметката.[3] Во католицизмот, Варахил е прикажан како држи кошница за леб.

Покровителство

уреди

Неговите должности се разновидни колку и благословите во кои се споменува, но тој е и главниот ангел-чувар и на него му се моли за секое нешто кое може да се добие од ангел-чувар ако не се молиме диреткно на некој таков ангел.

Во римокатолицизмот негов ден е сабота. Негов месец е февруари, а хороскопскиот знак е Риби.[4] Понекогаш е даден и како владетелот на планетата Јупитер и хороскопскиот знак Скорпија.[1]

Наводи

уреди
  • „The heavenly host and our modern life“. Transfiguration of Our Lord Russian Orthodox Church. Посетено на 2005. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  • „The rational heavenly powers“. Transfiguration of Our Lord Russian Orthodox Church. Посетено на 2005. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  • „Angel Names“. Архивирано од изворникот на 2006-12-06. Посетено на 2007-09-17.
  1. 1,0 1,1 Davidson, Gustav. A Dictionary of Angels, including the Fallen Angels. New York:The Free Press, 1967.
  2. 2,0 2,1 Bunson, Matthew. Angels A to Z. New York:Crown Trade Paperbacks, 1996. ISBN 0-517-88537-9.
  3. Roeder, Helen. Saints and Their Attributes. Chicago:Henry Regency Company, 1956.
  4. Sisung, Kelle S., editor. Angels A to Z. New York:Gale Research, Inc. 1996. ISBN 0-7876-0489-5.


Седум свети архангели

Варахил | Гаврил | Јегудил | Михаил | Рафаил | Салатил | Урил