Светозар Јаневски

Светозар Јаневски (роден на 19 јули 1947 година во Велес) — македонски технолог и стопанственик.[1]

Светозар Јаневски
Роден 19 јули 1947
Велес, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање технолог

Животопис

уреди

Јаневски по завршувањето на Технолошкиот факултет во Скопје (1976), се вработил во Пивара Скопје (1976) и како директор на Секторот за истражување и развој, технички директор и генерален директор на фирмата ја проширил инвестиционата активност, го стандардизирал производството, го подигнал квалитетот на производите и постигнува најдобри економски и финансиски перформанси во земјата и во регионот. Проширувајќи го бизнисот, ги презел двете најголеми винарии во земјата „Тиквеш” во Кавадарци (2003) и „Винојуг” во Гевгелија (2004). Како член или раководител учествува во повеќе национални и меѓународни професионални органи и тела и добива повеќе признанија.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јаневски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 633. Text "series " ignored (help)