Сајма

најголемо езеро во Финска

Сајма (фински: Saimaa) — езеро во југоисточна Финска. Со површина од околу 4.400 км², ова е најголемото езеро во земјата и четврто природно езеро по големина во Европа. Настанало со топење на ледник во ледено време. Поважни населени места на бреговите се Лапенранта, Иматра, Савонлина, Микели, Варкаус и Јоенсу. Од него истекува реката Вуокса и се влева во езерото Ладога. Поради големиот број на острови и тесни канали, езерото е расцепкано на многу делови — секој со свое име. Поголеми се Сур-Сајма, Оривеси, Пурувеси, Хаукивеси, Јевеси, Пихлајавеси и Пихеселк.

Сајма
Saimaa
Поглед на Сајма од Јоутсено
Подрачјејугоисточна Финска
Координати61°15′N 028°15′E / 61.250° СГШ; 28.250° ИГД / 61.250; 28.250
Главни истециВуокса, Сајменски канал
Сливни земјиФинска
Површина&100000000000000044000004,400 км2
Прос. длабочина17 м
Најг. длабочина82 м
Зафатнина36 км3
Брег13.700 км
Надм. височина76 м
Острови3507
Населени местаЛапенранта, Иматра, Савонлина, Микели, Јоенсу
1 Бреговата должина не е добро определена мерка.

Поради ваквата топографија на сливот (поголем од самото езеро), Сајма има надолга брежна линија по единица површина во светот — цели 15.000 км, а подрачјето има околу 14.000 островчиња[1]

Езерото е поврзано со Финскиот Залив преку Сајменскиот Канал, кој се протега од Лапенранта до Виборг. Има и канали до други помали езера во источна Финска, образувајќи мрежа од водни патишта. По нив сообраќаат претежно товарни пловила што носат дрво, минерална, метална руда, дрвна маса за хартија и други стоки, но ставени се и во туристички цели.

Во Сајма живее загрозената сајменска фока (Pusa hispida saimensis), која е ендемски подвид на прстенеста фока. Друг загрозен вид што живее само во ова езеро е сајменскиот лосос.[2]

Се смета дека на бреговите на Сајма езерото настанала азбестна керамика што се изработувала од 1900 г. п.н.е. до 200 г. н.е. поради богатите и лесно достапни наоѓалишта на азбест.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Hamalainen, Arto (November 2001). „Saimaa – Finland's largest lake“. Virtual Finland. Архивирано од изворникот 2008-02-14. Посетено на 2013-11-06.
  2. McClane, A.J. (April 1973). „Fishing: The Missing Link“. Field & Stream. LXXVII (12): 144. Посетено на 20 March 2013.

Надворешни врски

уреди