Сарај (Брод)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Сарај

Карта

Местоположба 40°57′00″N 21°34′00″E / 40.95000° СГШ; 21.56667° ИГД / 40.95000; 21.56667
Основни податоци
Место Брод
Општина Новаци
Тип

 некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Сарај — археолошко наоѓалиште во битолското село Брод. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа под селото, на левиот брег на Црна Река, кога при регулацијата на нејзиното корито во 1954 година била откриена некропола на која во истата година биле извршени заштитни ископувања. Гробните конструкции се од сивозелен шкрилец и во облик на циста. Од гробни прилози се најдени керамички садови и накит од бронза кои се чуваат во Музејот во Битола.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069