Санта Крус (покраина)

Санта Крус (шпански: Santa Cruz) е покраина во Аргентина, сместена во јужниот дел на земјата во Патагонија. Се граничи со покраината Чубут на север, и Чиле на запад и југ. На исток се граничи со Атлантикот.

Санта круз


Грб

Главен град Рио Галегос
Површина 293,993 km²
Население 196,958 (2001)
Густина 0.81/km²
Гувернер Д-р Даниел Пералта
Демоним Сантакрузец (Santacruceño)
ISO 3166-2 AR-Z

Географија и клима

уреди

Јужниот дел од покраината се наоѓа во студениот појас и има изобилство на ледници.

Просечната температура изнесува 13 °C во лето и 3° во зима, со падови до -25°. Дождови има само до 200 мм годишно.

Реки кои течат во оваа област се Десеадо, Санта Крус, Галегос, Којле, Чико и Пинтурас.

Стопанство

уреди

Најпозната гранка на индустријата е петролејството со годишно производство од 4,5 милиони м3]] нафта и 3 милиони м3 гас, најмногу во рафинериите Пико Трункадо, „Кањадон Секо“ и „Серо Редондо“.

Се копа и јаглен (во „Рио Турбио“) со околу еден милион м3 годишно. Има и рудници на злато („Серо Вангардија“), глина, гипс, сол и др.

Административна поделба

уреди

Провинцијата има 7 департмани:

Департмант (Главен град)

  1. Корпен Аике (Пуерто Санта Крус)
  2. Десеадо(Пуерто Десеадо)
  3. Гуер Аике (Рио Галегос)
  4. Лаго Аргентино (Ел Калафате)
  5. Лаго Буенос Аирес (Перито Морено)
  6. Магаланес (Пуерто Сан Хулиан)
  7. Рио Чико Департман (Гобернадор Грегорес)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди