Санде Тоневски
Санде Герасимов Тоневски ( 1924 во Нежилово (Кратовско) — 16 април 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Санде Тоневски | ||
Роден | 1924 година Нежилово (Кратовско), Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Сремски фронт, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиИзраснал во сиромашно, земјоделско и сточарско семејство. Во селото немало училиште па самиот се научил да чита и пишува. За да помогне на своето семејство, покрај домашните работи, аргатувал по туѓи имоти и од мали години го почувствувал тешкиот живот. Селото Нежилово се наоѓа во планински дел каде често крстосувале единиците на НОВ, што придонело Санде да даде свој придонес за целите на НОВ. Кога единиците на НОВ конечно го ослободиле Кратово, стапил во редовите на единиците на НОВ и ПОМ. Во состав на Кратовскиот баталјон земал учество во борбите на Здравчи Камен и други места, кога Германците се обиделе повторно да го окупираат Кратово. По ослободувањето на Македонија учествувал во борбите на Сремскиот фронт, а потоа земал учество во борбите против усташите и четниците во Босна и Херцеговина. Подоцна во состав на Треттатa македонска ударна бригада се борел на Сремскиот фронт, каде ѝ загинал на 16 април 1945 година.[1]