Санде Стоилковски

Санде Ванев Стоилковски ( 1922 во Градиште (Кумановско)1944 во Шишево, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. Во 1941 година бил мобилизиран во окупаторската бугарска фашистичка војска. Кога му се укажала можност избегал од единицата и ѝ се приклучил на Треттата македонска ударна бригада. Во нејзините редови го поминал целиот борбен пат. Бил учесник во бројните борби и победи над непријателот. Во крвавите борби, од обичен борец израснал во командир на чета. На скопските терени учествувал во успешната акција за ослободувањето на политичките затвореници од затворот во Идризово. Потоа со својата бригада пак дејствувал на скопските терени и во октомври 1944 година храбро загинал во крвавите борби против балистите и Германците во околината на Шишево.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 259. На |first= му недостасува |last= (help)