Санде Димчев Алексовски ( 1918 во Велебрдо, Дебарско12 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Санде Алексовски
Роден 1918 година
Велебрдо, Гостиварско, Македонија
Починал 12 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија
Убиен во битката за ослободување на Скопје.

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно печалбарско семејство. По професија бил слаткар. За време на фашистичката окупација на Македонија, бил принуден да работи како градежен работник во Булчица, близу Пешкопеја во Албанија. Таму, меѓу своите другари ги пропагирал идеите на народно-ослободителното движење. Поради тоа бил принуден да ја напушти Албанија. Се населил во Скопје. Со капитулацијата на фашистичка Бугарија, при земање на оружје и муниција од опустошените касарни, бил ранет во рамото. Пред конечниот напад на Скопје, иако уште сосема не бил излечен, стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада и во состав на истата зел учество во уличните борби за ослободувањето на градот Скопје. Храбро загинал, на 12 ноември 1944 година, кај Камениот мост.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 169. На |first= му недостасува |last= (help)