Самуил Цариградски

Самуил Цариградскивселенски патријарх во два наврати во периодите од 1763 до 1768 година и од 1773 до 1774 година.

Самуил
Вселенски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Ракоположен1x) 24 мај 1763,
2x) 17 ноември 1773
Службата завршила1x) 5 ноември 1768,
2x) 24 декември 1774
ПретходникЈоаникиј III, Теодосиј II
НаследникМелетиј II, Софрониј II
Лични податоци
Световно имеСкарлатос Хаѕерис (Σκαρλάτος Χαντζερής)
Роден1700
Истанбул
Починал10 мај 1775
Халки

Се образувал во Големото училиште. Во младоста бил ѓакон а подоцна архиѓакон на Вселенскиот патријарх Пајсиј II. Во 1731 година бил избран за митрополит на Дурсу и на 24 мај 1763 година вил избран за Вселенски патријарх иако бил во подоцнежна возраст за таа позиција.

За време на начелствувањето тој се обидел да ги среди финансиите на патријаршијата: намалувајќи ги трошоците, го намалил собирањето на наемнина на петпати годишно и ја укинал старата навика да се исплаќаат монасите и свештенството во намирници (животни, јајца, итн.). Го подобрил образованието и писменоста во патријаршијата. Во 1767 година ја укинал автокефалијата на архиепископот Печки и Охридски (чија јурисдикција била над големи области во Македонија, Епир, Тесалија, Албанија и Србија [1]) и ја ставил под власта на Цариградската патријаршија.

На социјално ниво го забранил „робувањето на жените“ и бил противник на чеизот и браковите од финасиска природа[2]. Печатот на патријархатот го поделил на четири делови од кои три им биле дадени на епископите во синодот. На таков начин го намалил притисокот врз патријархот, кој сега ги делел одговорностите со синодот.

Радикалните дејства предизвикале реакции,поради кои бил приморан да се повлече на 5 ноември 1768 година. Бил протеран во манастир на Света Гора и во 1770 година успеал да ја измоли турската власт да му дозволи во својот роден град во Тарабија. По повлекувањето на патријархот Теодосиј II, соборот повторно го избрал Самуил за патријарх, против негова волја на 17 ноември 1773 година.

Втгорото начелствување траело една година. Во тој период се обидел да го разреши прашањето поврзано со „коливата“ спроведувајќи посилни мерки за разлика од неговиот претходник. На 24 декември 1774 повторно бил протеран на Света Гора а подоцна во Халки, wкаде починал на 10 мај 1775 година. Погребан е во црквата Св. Никола во Халки [3]. Постојат гласини дека негова љубовница била Роксандра Караџа.[4]

Наводи

уреди
  1. .php? title = Ohrid Livepedia[мртва врска]
  2. Reasons patriotic aplosynthetoi for slavery of women and the turmoil of the genus, stiliteftikoi dowry and commercial marriage, proclaimed in 1767 by Patriarch Samuel Chantzeri, visualized in our literary and restored by G.. Valletta, ed. Source Books, Athens 1948.
  3. „Aquila Millas, The sacred temple of the saint Nicholas“. Архивирано од изворникот на 2016-06-27. Посетено на 2016-01-08.
  4. Stamatopoulos Takis The internal struggle, versions Kalvos, Volume A, p. 152

Извори

уреди

Дополнителна литература

уреди
  • "Samuel Chantzeris Byzantium (1700-1775). His contribution to the intellectual movement of the Nation in the 18th century. ", Ed. Person, Athens 2008.
Претходник
Јоаникиј III
Цариградски патријарх
1763-1768 (прво начелствување)
Наследник
Мелетиј II
Претходник
Теодосиј II
Цариградски патријарх
1773-1774 (второ начелствување)
Наследник
Софрониј II