Архиѓакон (грчки: άρχιδιάνονος) — повисоко звање за ѓакон, прв ѓакон[1], виш служител, најстариот, првиот меѓу ѓаконите.

Архиѓакон се вика најстариот ѓакон од монашкиот ред кого во тој чин го именува епископ. Меѓу ѓаконите, архиѓаконот ужива само чест, но не и власт, и има предност при богослужбите.

Кај католиците претставува застапник, советник на бискупот[1].

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Архиѓакон на семрежното место на ДРМЈ