Сала на стогодишнината

Народна сала или Сала на стогодишнината (полски: Hala Ludowa или Hala Stulecia, германски: Jahrhunderthalle ) – историска градба во полскиот град Вроцлав која е изградена од 1911 до 1913 година и која ја проектирал германскиот архитект Макс Берг. Заради иновативната употреба на армиран бетон и единствениот монументален изглед, Салата на стогодишнината е запишана во списокот на светско наследство на УНЕСКО во Европа во 2006 година.

Сала на стогодишнината во Вроцлав
светско наследство на УНЕСКО
КритериумКултурно: i, ii, iv
Навод1165
Запис2006 (30 заседание)
Панорама на фонтаната Бреслау со Салата на стогодишнината

Историја

уреди

Во престолнината на Долна Шлеска, Вроцлав (Бреслау), на 10 март 1813 година, прускиот крал Фридрих Вилхелм III во својот проглас „An Mein Volk“ (На мојот народ), ги повикал Прусите и Германците на отпор против Наполеновата окупација, што довело до Битката кај Лајпциг каде Наполеон бил победен. Отворањето на Салата на стогодишнината на местото на бившиот хиподром требало да ја прослави стогодишнината на оваа битка, од каде доаѓа името „Сала на стогодишнината“. Градските власти на Бреслау залудно очекувале финансиска поддршка од државата и биле присилени сами да ја платат изградбата на оваа огромна градба. Конечно салата е отворена на 20 мај 1913 година во присуство на престолонаследникот Фридрих Вилхелм Виктор. Дотогаш Ханс Пелцих ја уредил околината со огромно езеро и фонтана опкружена со бетон во облик на елипса, а зад него се наоѓала јапонска градина.

Зградата служела во многу церемонијални и спортски цели, а после Втората светска војна, кога Бреслау И припаднал на Полска и станал Вроцлав, Салата на стогодишнината, во духот на комунизмот, е преименувана во Народна сала (Hala Ludowa). Во 1948 година, пред салата е поставена скулптура во облик на игла, т.н. „игличка“, висока 106 метри. Салата е користена за Европското првенство во кошарка во 1963 година, а во 1997 година е реновирана за Европското првенство во кошарка во 2009 година[1].

Одлики

уреди
 
Внатрешноста на Салата на стогодишнината
 
Модел на Салата на стогодишнината во Бреслау

Макс Берг куполата ја дизајнирал по пример на куполата во Фестхале во Франкфурт и ја изградил од армиран бетон со внатрешен пречник од 69 метри и висина од 42 метри. Во тоа време била најголема градба од овој вид, а симетричните трибини во облик на детелина можеле да примат 7.000 луѓе. Самата купола е висока 23 метри, а изградена е од челик и стакло. Салата на стогодишнината силно влијаела на развојот на архитектурата од армиран бетон во 20 век. Изворно салата имала оргули Сауер, кои ги изградил Валкер Оргелбау, а кои со 15.133 цевки и 200 педали, тогаш биле најголеми оргули на светот.

Наводи

уреди