Голем везир

(Пренасочено од Садразам)

Голем везир (отомански турски: صدر اعظم или وزیر اعظم) или садразам[1] — главниот министер на султанот на Отоманското Царство (како премиер), користејќи се со апсолутната лична доверба кај шефот на државата. Тој бил назначуван од страна на османлискиот султан. Големиот везир бил чувар на државниот печат. Го свикувал Диванот чии седници се одржувале во посебна соба наречена под куполата во Топкапи-сарај. Канцеларијата на великиот везир била сместена во Високата порта.

Прием на амбасадор пред големиот везир

Во периодот на зајакнување на Отоманското Царство до 1364 година се користел само терминот везир. Прв од везирите кој ја добил титулата голем везир бил Чандарли Кара Халил Хајредин-паша во времето на Мурат I. Во 1364 година првиот голем везир бил иницијатор за воведување на данок во крв за создавање на јаничарски корпус кој бил во основата на османлиската воена и политичка моќ до 1826 година

Во времето на ќопрулскиот период во втората половина на 17 век улогата на великиот везир го достигнала својот врв. Сепак овој период завршил катастрофално за империјата бидејќи Османлиите ги изгубиле Унгарија, Трансилванија, Мореја и Подолија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди