Саве Доксев Силјановски ( 1924 во Галичник1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од печалбарско семејство. Основно училиште завршил во родното меото, а потоа заминал на печалба во Грција, каде работел ѝ татко му. По капитулацијата на бивша Југославија живеел и работел во Скопје, а по извесно време неговото семејство се преселило во Кадино Село, Скопско, каде исклучиво се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во XV македонски корпус, со кој заминал за Срем. Во состав на неговите единици учествувал во ослободувањето на уште неослободените краишта на Југославија. Претходно ја завршил воено-стручната настава. Бил учесник во големиот пробив што го извршила Првата југословенска армија низ утврдените германско-усташки позиции на Сремскиот фронт. Загинал во април 1945 година во наредните големи борби на тој терен. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 128. На |first= му недостасува |last= (help)