Регионален пат 1201

регионален пат во Македонија
(Пренасочено од Р1201)

Регионален пат 1201 (ознака: Р1201) — регионален пат во Македонија, со насока на движење југ-север. Има вкупна должина од 52,4 километри и 7 делници. Патот започнува во Струга и се движи на север кон Дебар.[1]

Регионален пат 1201 shield

Регионален пат 1201
Карта
Протегање на регионалниот пат
Информации за правецот
Должина:52,4 км
Поважни клучки
Од:Струга
До:Дебар
Местоположба
Општини:Струга, Дебар
Патна мрежа
Патишта во Македонија

Во овој пат влегува и кракот од селото Џепиште кон границата со Албанија до граничниот премин Џепиште.

Делници

уреди

Регионалниот пат 1201 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 7 различни делници.

Протегање на регионалниот пат
Делница Почеток Крај Потег (км)
врска со   0,0
1281 Струга Мороишки мост 0,0 - 1,4
1282 Мороишки мост Добовјани (Вевчани) 1,4 - 8,7
1283 Добовјани (Вевчани) Добовјани (Јабланица) 8,7 - 9,0
1284 Добовјани (Јабланица) Дренок 9,0 - 27,0
1285 Дренок Џепиште 27,0 - 38,6
1286 Џепиште Дебар 38,6 - 51,1
врска со   52,4

Како посебен крак на овој регионален пат влегува делницата 1287 до границата со Албанија од селото Џепиште во должина од 1.274 метри, со што вкупната должина на Р1201 е 52,4 километри.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-02.

Надворешни врски

уреди