’Рждак

(Пренасочено од Ръждак)

’Рждаксело во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

’Рждак
’Рждак is located in Бугарија
’Рждак
’Рждак
Местоположба во областа
’Рждак во рамките на Пиринска Македонија
’Рждак
Местоположба на ’Рждак во Општина Петрич и Благоевградската област
Координати: 41°24′N 23°15′E / 41.400° СГШ; 23.250° ИГД / 41.400; 23.250
ЗемјаБугарија
ОбластБлагоевградска област
ОпштинаПетрич
Надм. вис.&10000000000000285000000285 м
Население (2015)
 • Вкупно264
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2873
Повик. бр.074207

Географија и местоположба

уреди

Селото ’Рждак се наоѓа на 3 километри источно од Петрич, на надморска висина од 285 метри во подножјето на планината Беласица. Од бугарско-грчката граница кај село Кулата е оддалечено 14 километри. Селото има редовни автобуски врски со Петрич и Кулата. Климата е променливо-средоземна, со топли и долги лета и со кратки зими.

Историја

уреди

Името на селото потекнува од ’рѓосаната вода што потекнува од нејзините извори. Старото село е сместено на планината Беласица и повеќето куќи датираат од османлиското владеење. Тие се направени од типична тула и слама. По ослободувањето, куќите биле напуштени од Турците кои емигрирале и на нивно место дошле бегалци од Егејска Македонија. Новото село било изградено со масивни куќи како продолжение на старото и далеку од планината Беласица во правец на Петрич.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Денес, селото е електрифицирано, водоснабдено и има изградено комуникациски мрежи. Станбениот фонд е скоро целосно реновиран. Постои кметство, канцеларија на регионалното полициско одделение во Петрич, црква, стадион, продавници и хотел. Исто така, работат приватни компании од областа на услугите за шиење. Тутунот и лозовите насади главно се одгледуваат во областа. Здравствените служби и образовните институции се во општинскиот центар - Петрич.

Население[1][2]

уреди
Население на ’Рждак по попис[1]
Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015
Жители 209 291 295 289 320 314 321 299 270 264
Население по возраст
од 2011 година
[3]:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Справка за населението на с. Ръждак, общ. Петрич, обл. Благоевград“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.