Руски Север (национален парк)
Националниот парк Руски Север ( руски: Национальный парк «Русский север») е еден од националните паркови на северот на Русија, стациониран во Кириловскиот реон, во Вологдската област. Основан е на 20 март 1992 година, и беше именуван како Руски север поради својата позиција во северна Русија. Во рамките на паркот, има голем број значајни природни пејсажи и културни добра, како што се манастирот Кирило-Белозерски и манастирот Ферапонтов, места со големо историско и религиозно значење.
Национален парк Руски Север | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Национален парк Руски Север | |
Место | Вологодска област |
Најблизок град | Кирилов |
Површина | 1664 км2[1] |
Воспоставен(а) | 20. март 1992 година |
Управно тело | Шумска служба Волготске области[2] |
Историја
уредиВо 13 век, подрачјето што го сочинува овој парк денес било дел од Белозерското кнежевство, а во 14 век, тоа било дел од Големото Московско Кнежевство. Во 1937 година Христијанскиот светец Кирил Бјелозерски, тогаш монах и ученик на Сергеј Радоњешки, го основал манастирот Кирило-Белозерски, кој заедно со манастирот Ферапонтов им бил подреден на надбискупите на Ростов.
Во 15 и 16 век, манастирот Кирило-Белозерски се развил во еден од највлијателните манастири во Русија. Голем број луѓе доаѓале да ги посетат овие манастири, така што реката Шексна била една од најчесто користените водни патишта што ги поврзувала централна и северна Русија .
Во осумдесеттите години на XX век, бил развиен концептот на национални паркови, кој порано не постоел во Советскиот Сојуз, а Волгодската област побарала да се создаде еден национален парк. Додека првичниот избор бил да се создаде парк во Витегорскиот округ на северозапад од областа, со цел да се заштитат карстните предели, конечно било одлучено да се додели статутот на националниот парк во Кириловскиот реон, поради поголема шанса за развој на туризмот. Проектот за паркот е развиен во периодот од 1989-1990 година, а националниот парк е основан на 20 март 1992 година.[3]
Локација и географија
уредиНационалниот парк се наоѓа во јужниот дел на Кириловскиот реон, околу 100 км североисточно од градот Кирилов, источно од Белото езеро и северозападно од Кубенското езеро. Само 45,6% од површината на паркот всушност припаѓа на националниот парк. Секоја активност поврзана со производството е забранета во заштитената зона на паркот. Остатокот од земјиштето не е отуѓен и се користи главно како земјоделско земјиште, особено градот Кирилов, кој исто така се наоѓа во внатрешноста на паркот. Националниот парк ги опфаќа и манастирите Кирило-Белозорски, Ферапонтов и манастирот Горицски, како и делови од Северно- Двинскиот канал и каналот Волго-Балтилтичкиот канал.
Водите заземаат 69,8% од површината на паркот, а мочуриштата 7,1%. Повеќето подрачја се ридски предели со глацијално потекло. Неколку ридови, како што се Маура, Сандирева и Типсина се заштитени како природни споменици. Постојат уште два природни споменици, како што е Соколски бор, подрачје покриено со борова шума и сместена на брегот на вештачкото езеро Шексана. Пределот Шалго-Бодуновски, подрачје во рамките на паркот е шумсковито и со ограничен пристап, а во него се штитат примероци од смрча и борова шума што скоро исчезна во Волгодската област.[4]
Туризам
уредиГрадот Кирилов, со манастирот Кирило-Белозерски, како и манастирите Ферапонтов и Горитски, се туристички атракции сместени во паркот. Манастирот Ферапонтов е запишан како светско наследство.[5] Изградени се патишта и патеки до сите овие туристички атракции, кои им овозможуваат на посетителите полесно да доаѓаат.
Галерија
уреди-
Поглед на езерото и манастирот Кирило-Белозерски
-
Кирил и манастир Белозерски
-
Поглед од езерото на манастирот Ферапонтов
-
Утро на езерото
-
Ферапотнско езеро
-
Рибари на Бело Езеро
Користена литература
уреди- ↑ Национальный парк "Русский Север". Национальный парк "Русский Север". Посетено на 8. 11. 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Общие сведения. Особо охраняемые природные территории России. Посетено на 8. 11. 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ История создания. Национальный парк "Русский Север". Посетено на 8 ноември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Памятники природы. Национальный парк "Русский Север". Посетено на 8 ноември 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Ensemble of the Ferapontov Monastery