Rolls-Royce Phantom (2003)

(Пренасочено од Ролс-Ројс Фантом (2003))
Погледајте и Rolls-Royce Phantom за други модели со исто име

Ролс-Ројс Фантом Предлошка:Lang-xxултралуксузен автомобил од Rolls-Royce, подружница на БМВ, во Велика Британија. Пуштен е во продажба во 2003 г. и е првиот модел на Ролс-Ројс во сопственост на БМВ.

Rolls-Royce Phantom (2003)
ПроизведувачРолс Ројс
Матично претпријатиеБМВ
Производство2003-present
СклопувањеГудвуд, Западен Сасекс, Англија
ПретходникРолс-Ројс Силвер Сераф
Класаголем луксузен автомобил
Вид каросеријакабриолет (2 врати)
седан (4 врати)
РаспоредППЗВ
Мотор6,75 Л V12 453 КС (338 kW)
ПреносZF 6-брзински автоматски
Меѓуоскино раст.3571 мм
Продолжена верзија: 3820 мм
Должина5834 мм
Продолжена верзија: 6091 мм
Ширина1989 мм
Висина1633 мм
Нетоварена тежина2485 кг
СродниRolls-Royce Phantom Drophead Coupé
КонструкторМарек Ѓорѓевиќ
Ијан Камерон

Особености

уреди

Има 6,75 литарски, 48-вентилски, V12 мотор кој дава 453 КС (338 kW) и 720 N·m) момент на сила. Моторот е изведен од постоечкиот V12 мотор на BMW.

Автомобилот е висок 1,63 м, широк 1,99 m и долг 5,83 м, и тежи 2485 кг. Каросеријата е направена од алуминиумски костур, а возилото има забрзување од 100 км/ч за 5.7 сек. Има шестбрзински автоматски менувач и двојнојадечна амортизација.

Во март 2005 g. е претставен Фантом со продолжено оскино растојание на Женевскиот автосаем, кој е за 250 мм подолг од стандардниот.

Од 2007 во производство е кабриолетот Фантом Drophead Coupé.

Дизајн

уреди

BMW вложиле многу напори за да го различат од нивните возила. Иако 15% од елементите ова возило ги дели со други BMW возила (како BMW Серија 7), Фантом ги има задржано традиционалните особини на Ролс-Ројс.

Намерата била возилото да не изгледа само како уште еден автомобил од BMW. Кога Мерцедес-Бенц го лансирале нивниот Maybach, тие биле критикувани за произведување на „ултимативен Mercedes“ наместо автомобил од засебна марка. Автомобилот делел многу елементи со и изгледал како поевтиниот седан од S-класата. БМВ од ова извлекле поука, продавајќи го Фантом во посебни салони, додека салонот на Maybach во Лондон истот ака продава и наједноставни модели на Mercedes.

Алуминиумскиот костур се прави во BMW фабрика во Динголфинг, Германија а V12 моторот во Минхен. Крајното склопување, како и сета кожа и дрвенарија, по желбите на секој поединечен купувач се прават во погон во Гудвуд, Западен Сасекс, Англија. Во погонот има само два робота за бојадисување; сѐ друго се прави рачно, во согласност со традицијата на Rolls-Royce.

Новитети

уреди
  • Наместо обртомер, авцтомобилот има сказалка за резерва на моќ која покажува уште колку од силата на автомобилот му преостанува на возачот.
  • Задните врати имаат шарки назад, стил пошто наречен самоубиствени врати, но нарелен 'кочиска врата' од Rolls-Royce. Вратите се затвораат на стисок на копче со помош на хидраулика. Електронски се заклучуваат за да се избегне случајно отворање на вратите додека се вози.
  • Задните врати во себе носат чадори кои отскокнуваат од лежиштата. Во лежиштата има пропелери за ладење кои ја острануваат влагата кога чадорите стојат внатре.
  • Духот на Екстазата (знакот напред) има механизам за автоматско електронско вовлекување против кражба и за безбедноста на пешаците во случај на несреќа. Истото се вовлекува и однатре на копче.
  • Логата 'RR' на раткапните имаат посебни лежишта за да можат секогаш да бидат исправени додека тркалата се вртат.

Продажба

уреди
Годишни продажби[1]
Година Продадено
2003 300
2004 792
2005 796
2006 805
2007 1010
Total 3703
  • BMW имаат поставено животна производна граница на 10.000 примероци на Фантом.
  • Основната цена е £250,000 во Обединетото Кралство и $340,000 во САД.
  • Во јули 2006, Rolls-Royce направиле ограничено издание од 25 автомобили наречено Фантом Блек [1]

Наводи

уреди
  1. „Соопштенија за печат на Групацијата BMW“. Групација BMW. Посетено на 2 October 2006.

Надворешни врски

уреди