Обртомер

уред кој мери вртежна честота

Обртомер, вртомер или тахометаринструмент којшто ја мери вртежната честота (брзина) на оска или диск, како и на мотор или друга машина. Направата обично ги прикажува вртежите во минута на баждарени аналогни бројченици, но дигиталните приказници се сè повеќе присутни. Меѓународниот поим доаѓа од старогрчкото тахос „брзина“ и метрон „мерење“ .[1]

Обртомер, лево - покажува број на (обрти во минута), и црвената линија - интервалот од 6000 до 7000 обрти во минута.

Историја

уреди

Првиот механички обртомер работел со утврдување на центрифугалните сили, слично на функционирањето на центрифугалниот регулатор. За пронаоѓач се смета германскиот инженер Дитрих Ухилорн. Тој го користел за мерење на брзината на машините во 1817 година. Од 1840 година па наваму, тој се користи за мерење на брзината на локомотивите.

Во автомобилите, камионите, тракторите и воздухопловството

уреди
 
Обртомер Г1000 на Цесна 172 (1.060 вртежи во минута) и работни часови на машината (1736,7 часови)

Обртомерите или вртиметрите на автомобилите, воздухопловите и другите превозни средства ја прикажуваат брзината на вртењето на коленестото вратило на моторот. Ова може да му помогне на возачот при изборот на соодветен гас и брзина на менувачот за возните услови. Продолжена употреба на големи брзини може да предизвика несоодветно подмачкување, прегревање (ја надминува способноста на системот на ладење), надминување на брзината на способноста на делови на моторот (на пример вентилите) со што се предизвикува прекумерна абење или трајно оштетување или дефект на моторите. Ова повеќе се применува кај рачните менувачи отколку кај автоматските. На аналогните обртомери, брзините над максимално безбедните оперативни брзини обично се означени со црвени линии. Црвената зона е испишана на повеќето од модерните коли, со оглед на тоа дека моторите имаат ограничувач на брзина којшто електронски ја ограничуваат брзината на моторот со цел да се спречи штетата. Дизел-моторите со традиционалните механички инјекциони системи имаат интегрален контролер кој ги спречува прекумерните забрзувања на моторот, па обртомерите во возила и машини опремени со такви мотори понекогаш немаат црвени линии.

Часометар

уреди

Кога се користи во статични мотори или возила каде броилата не можат точно да ја прочитаат работата на моторот (како во авионите, бродовите и тракторите), во обртомерите често е вклучен приказник кој го покажува вкупниот број на часови кога моторот работи. Генерално, часометрите се точни само при одредена брзина на моторот. Ако моторот работи под одредената брзина, часометарот ќе работи побавно а додека ако моторот работи над одредената брзина, часометарот ќе работи побрзо при што и во двата случаи не ја покажува реалната брзина.

Сообраќано инженерство

уреди

Обртомерите се користат за проценка на сообраќајниот проток и брзина. Возилата имаат вградено сензори кои ја одредуваат брзината на возилото и ја забележува густината на сообраќајот. Сите овие податоци се статистички значајни, а во нив се вклучени значајни информации како број на вртежи, ден, недела, сезона и др. Како и да е, поради трошоците, малиот број на детектори и останатите услуги, обртомерите имаат голема и честа примена во сите возила во сообраќајот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди