Чадор
Чадор — предмет што се употребува за заштита од сонцето или од дождот. Чадорот се состои од платнена или пластична обвивка, која ја држат метални жици, а која е поставена на дрвена или метална прачка.

Чадорот како тема во уметноста и популарната култура уреди
- „Чадорче“ — песна на македонскиот поет Михо Атанасовски.[1]
- „Бунтот на чадорите“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.[2]
- „Чадор“ (француски: Le Parapluie) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 10 февруари 1884 година.[3]
- „Мајстор за чадори“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.[4]
- „Чадорчиња“ (англиски: Little Umbrellas) — песна на американскиот рок-музичар Френк Запа од 1969 година.[5]
- „Чадор“ (англиски: Umbrella) — песна на бахамско-американската пејачка Ријана од 2007 година.
Наводи уреди
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 42.
- ↑ Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 42-43.
- ↑ „Кишобран“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 157-168.
- ↑ Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 41.
- ↑ Frank Zappa – Hot Rats (пристапено на 28.11.2023)