Женевски автосаем
Меѓународниот женевски автосаем (фр. Salon International de l'Auto) е годишен автосаем што се одржува секој март во Женева, Швајцарија. Местото на одржување е сајмиштето Geneva Palexpo што се наоѓа веднаш до женевскиот аеродром. Саемот го организира Меѓународната организација на автопрозиводители (Organisation Internationale des Constructeurs d'Automobiles) и се смета за еден од поважните меѓународни настани од овој вид.[1]
Првиот Женевски автосаем е одржан во 1905 г., и оттогаш ги има изложено сите поважни модели на возила со внатрешно согорување во историјата на автомобилот, како и гасни и парни автомобили во раните години. Главни атракции на саемот честопати се егзотичните суперавтомобили. На овој настан се најавуваат прототипови, нова опрема, важни технички откритија, меѓународни партнерства и социо-политички проблематики. Светските автопроизводители го сметаат овој саем за неутрално и рамноправно место за изложување, особено бидејќи Швајцарија нема своја автоиндустрија.[2]
Оддели
уредиОва се одделите на саемот:
- Автомобили со 3, 4 и повеќе тркала.
- Електрични автомобили и автомобили на алтернативни горива.
- Специјални каросерии за автомобили, автодизајн и автоконструкторство.
- Преработени автомобили (штелувани и сл.)
- Автоопрема и автоделови
- Самостојни производители на опрема
- Работилници за поправка и одржување на автомобили
- Разни производи и услуги за автмобили
- Атракции и претстави.
Меѓународен форум за напредна подвижност
уредиВо рамките на саемот се одржува и Меѓународен форум за напредна подвижност, на кој се зборува за превозните средства во иднината.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Женевски автосаем 2010 Архивирано на 28 јануари 2011 г. (англиски)
- ↑ Френк Џорданс (3 јуни 2008). „Малото е убаво на Женевскиот автосаем“. Los Angeles Times. Посетено на 3 јуни 2008. (англиски)
- ↑ „IAMF“. Iamf.ch. Архивирано од изворникот на 2007-09-14. Посетено на 27 јуни 2009. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Женевски автосаем“ на Ризницата ? |
Македонски
уреди- Женевскиот саем на автомобили со 85 нови модели[мртва врска] - Bluezone (2009) (македонски)
- Започна 80-тиот саем за автомобили во Женева! Архивирано на 9 мај 2010 г. - Возикола (2010) (македонски)
Англиски
уреди- Официјална страница на автосаемот (англиски) (германски) (француски)
- Список со плакати на сите женевски автосаеми од 1905 г. до денес (германски)