Розацеа
Розацеа - хронично заболување на кожата на лицето.
Симптоми
уредиРозацеата се изразува преку појава на црвенило на лицето, придружено со испукани капилари и гнојни брончиња. Не постои јасна причина за настанувањето на ова заболување, но дефинитивно се должи на претераната реактивност на капиларите, на претераниот одбранбен и воспалителен одговор на кожата на вообиачените дразби и на присуството на одредени паразити во поголем број. Најчесто се јавува кај жените на средна возраст, со нежен, светол тен на кожата.
На почетокот, розацеата се појавува во вид на минливо, краткотрајно црвенило на лицето, обично по влегување во топла просторија, по изложеност на сонце и по јадење лута или зачинета храна или пиење топли напивки. Исто така, црвенилото се појавува и при најмало возбудување и стрес, а со текот на времето, црвенилото трае подолго и, најпосле, станува постојана појава на лицето. Оваа прва фаза може да трае од неколку месеци до неколку години, со повремена појава на ситни гнојни брончиња, кои наликуваат на акни. Постојаното црвенило е последица на проширените крвни садови во кожата на лицето, кои поради постојаното наизменично стегање и опуштање ја губат еластичноста и стануваат трајно проширени.[1]
Терапија
уредиРаспуканите капилари се третираат со васкуларни ласери со одредена должина на брановите, која се апсорбира само од хемоглобинот во крвните садови, така што ласерската енергија се претвора во топлотна и капиларите се затвораат. Овие третмани вообичаено се преземаат во постудено време, т.е. во есен, зима или рана пролет. Исто така, може да се користат лековити кремови и кремови за нега на лицето, како и антибиотици и ретиноиди. Сепак, бидејќи станува збор за хронично заболување, не постои трајно решение, туку само се контролираат симптомите.[2]
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |