Роберт Стамболџиев
Роберт Александар Петар Стамболџиев — австралиски фудбалер со македонско потекло. Роден е на 26 октомври 1990 во Мелбурн, Австралија. Моментално игра во ФК Ники од Волос, Грција.
Kaриера
уредиКариерата ја започнал во австралиски Престон лајонс, кој всушност е клуб на македонските иселеници во Австралија. Во 2009 година се сели во Европа и тоа во грчкиот гигант Панатинаикос, со кој стана првак на Грција во сезоната 2010/11. По две сезони се сели во Кавала, па Продефтики и Трасиволос.
Во 2012 година Грција ја менува со Кипар, каде игра во дресот на Олимпијакос Никозија. На Кипар игра и за АЕК Куклиа, а во овој преоден рок потпиша за Ники Волос, со што направи кам-бек во Грција.
За квалитетот на Стамболџиев доволно говори фактот дека тој веќе има 7 настапи и 2 гола за австралиската млада репрезентација, но бидејќи нема настап за најсилната репрезентација на Австралија може да заигра за нашиот состав според правилата на ФИФА.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија поврзана со Австралија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |