Рихард Тајхман (германски: Richard Teichmann; 23 или 24 декември 1868, Ленич кај Алтенбург - 12 јуни 1925 во Берлин) бил германски шаховски мајстор, теоретичар и шаховски композитор.

Рихард Тајхман
Рихард Тајхман во 1900-тите или 1910-тите
Целосно имеРихард Тајхман
ЗемјаГерманско Царство Германско Царство
Вајмарска Република Германија
Роден24 декември 1868
Ленич кај Алтенбург, Германско Царство
Починал12 јуни 1925
Берлин, Германија
Титуламајстор

Во раните години го изгубил десното око, па секогаш на шаховските турнири настапувал со преврска. Долго време живеел во Лондон, каде што често го посетувал ресторанот Симпсонс на Стренд и играл на тамошните турнири. Својот најголем успех го постигнал со победата на силниот турнир во Карлсбад во 1911 година. Победи остварил и во неколку шаховски мечеви, а успеал да одигра нерешено во меч против Александар Алехин. Го добил прекарот „Рихард V“, поради тоа што често завршувал на петтото место на турнирите.

Својата кариера како шахист ја надополнил со неговите анализи на шаховската теорија во отворањето и завршницата, како и со составувањето на шаховски композиции.

Животопис

уреди

Тајхман се родил во еврејско семејство во местото Ленич, во близина на градот Алтенбург. Уште во раните години останал без своето десно око. Оттогаш носел вештачко око, а на шаховските трунири секогаш настапувал со преврска. Студирал филологија на универзитетите во Јена и Берлин. Првиот забележителен шаховски успех го постигнал во 1890/91 година, кога победил на турнир на Берлинскиот шаховски клуб.

По завршувањето на студиите, Рихард заминал во Лондон, каде што живеел во периодот од 1892 до 1908 година. Таму, тој учествувал на шаховски турнир во Симпсонс на Стренд во 1892 година, на којшто завршил на делба на второто место. Во Лондон во тој период живеел и холандскиот шахист Рудолф Ломан, против кого одиграл меч којшто го добил со 4:0 (+4, -0, =1). Првиот меѓународен турнир го одиграл во Лајпциг во 1894 година, на којшто завршил на третото место, веднаш зад Зигберт Тараш и Паул Липке.

Речиси низ целата кариера, Тајхман имал очни проблеми и тоа на преостанатото око, па поради тоа бил принуден да се откаже од лондонскиот турнир во 1899 година по само четири одиграни круга.[1] Во 1900, победил на шаховскиот турнир во Лондон, оставајќи ги зад себе: Блекберн, Гунсберг и Џејмс Мејсон. Меѓу понатамошните негови успеси се и победата на турнирот на петте мајстори во Симпсон на Стренд во 1901 година, второто место на шаховскиот турнир на градот Лондон во 1904 година (завршувајќи веднаш зад Непје) и победата на турнирот во клубот „Метрополитен“.

Можеби единствената значајна победа на шаховските турнири во својата кариера ја остварил со победата на турнирот во Карлсбад во 1911 година. Во конкуренција на 26 шахисти, тој зад себе оставил и познати шаховски имиња како: Алехин, Рубинштајн, Шлехтер, Маршал, Нимцович и други. Интересно е што успеал да ги победи Рубинштајн и Шлехтер, одигрувајќи иста варијанта во Шпанска партија. По тој повод, Едвард Ласкер во своето дело „Шаховските тајни што ги научив од мајсторите“ го раскажал духовитиот начин на којшто Тајхман ја добил партијата против Шлехтер и во главни црти бил воодушевен од неговото мајсторство. Тајхман победил и во мечеви одиграни против Френк Маршал, Жак Мизес и Рудолф Шпилман. Во Берлин во 1921 година, одиграл меч и против Алехин, којшто завршил без победник. Во овој меч против Алехин, кој во тоа време важел за предизвикувач на светскиот првак Хосе Раул Капабланка, Рихард, дури, успеал да добие партија одиграна со црни фигури.

Починал во 1925 година, по долговремени проблеми со бубрезите.

Шаховско творештво

уреди
abcdefgh
8
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Тајхмановата варијанта во Блекмар-Димеровиот гамбит

Тајхман претпочитал да игра мирољубиви партии со нерешен исход, ша често завршувал на петтото, последно место на турнирите. Поради тоа, го добил прекарот „Рихард V“. Сепак, и ваквиот успех му носел парична награда, којашто му служела да може да си ги покрие секојдневните трошоци за живот. Неговиот највисок историски рејтинг изнесувал 2744 бода и го достигнал во јануари 1912 година, со што во тоа време би се наоѓал на 5. место на светската шаховска ранг-листа.

Тој имал слаби резултати во меѓусебните двобои против Емануел Ласкер (+0, -4, =0) и Хосе Раул Капабланка (+0, -2, =1), но затоа пак остварил барем една победа против сите останати силни шахисти во тоа време. Меѓу нив, вредно е да се спомене дека имал позитивен вкупен резултат против Александар Алехин (+3, -2, =2). Поуспешен бил и во партиите одиграни против Карл Шлехтер (+4, -2, =21), а без победник биле неговите партии против Френк Маршал (+7, -7, =17) и Арон Нимцович (+1, -1, =5). Негативен вкупен резултат остварил против Зигберт Тараш (+5, -7, =2), Акиба Рубинштајн (+5, -6, =11), Геза Мароци (+1, -2, =12) и Давид Јановски (+4, -5, =4).

Освен како шахист, Тајхман се занимавал и со анализа на теоријата на отворањата, а бил и одличен познавач на играта во завршницата. Исто така, автор е и на неколку шаховски композиции и студии на завршницата. Во негова чест е именувана варијантата во Блекмар-Димеровиот гамбит, којашто настанува по потезите: 1. d4 d5 2. Sc3 Sf6 3. e4 dxe4 4. f3 exf3 5. Sxf3 Lg4.[2]

Турнирски резултати

уреди
Година Турнир + = Резултат Место
1894 Лајпциг, 9. конгрес Германскиот шаховски сојуз союза 10 3 4 12 од 17 3
1895 Хејстингс, меѓународен турнир 8 6 7 11½ од 21 7-8
Лондон, меч против Мизес 4 1 4 6 од 9
1902 Монте Карло, межународен турнир 12 3 4 14 од 19 4
1903 Монте Карло, меѓународен турнир 5
1905 Остенде, меѓународен турнир 8 6 12 14 од 26 5-6
1906 Остенде, меѓународен турнир
(група на победници)
4-6
1907 Остенде, меѓународен турнир
(мајсторски турнир)
14 6 8 18 од 28 6
Карлсбад, Прв меѓународен турнир 7 4 9 11½ од 20 7-8
1908 Виена, меѓународен турнир 6 1 12 12 од 19 5
Прага, меѓународен турнир 6 1 12 12 од 19 5
1909 Санкт Петербург, меѓународен турнир
(конгресс памяти М. Чигорина)
6 4 8 10 из 18 6
1910 Хамбург, 17. конгрес на Германскиот шаховски сојуз 5 2 9 9½ од 16 5-6
1911 Карлсбад, Втор меѓународен турнир 13 2 10 18 од 25 1
1922 Бад Пјештјани, неѓународен турнир 4-6
Бреслау, меѓународен турнир 3
Теплиц Шенау, меѓународен турнир 2 3 8 6 од 13 7
1923 Карлсбад, Трет меѓународен турнир 3 2 12 9 од 17 9
1924 Берлин, меѓународен турнир
(двокружен трунир)
1 2 3 2½ од 6 3

Наводи

уреди
  1. Sunnuck, Anne (1976). The Encyclopaedia of Chess (2. изд.). St. Martin's Press. стр. 481–482. ISBN 0-7091-4697-3.
  2. Шаховска археологија: Отворања кодифицирани со ЕШО кодовите од D00 до D05

Користена литература

уреди
  • Jack Spence: The chess career of Richard Teichmann. Revised edition. The Chess Player, Nottingham 1995, ISBN 0-906042-88-7.
  • Шахматы. Энциклопедический словарь / гл. ред. А. Е. Карпов. — М.: Советская энциклопедия, 1990. — 624 с. — 100 000 экз. — ISBN 5-85270-005-3.
  • Верховский Л. «Ричард V» // 64 — Шахматное обозрение. — 1982. — № 6. — С. 18.

Надворешни врски

уреди