Ристо Сталев
Д-р Ристо Сталев се среќава и како Ристо Поп Стојанов Сталев ( 1911 во Ваташа — 1946 во Белград, Србија ) — македонски доктор.[1]
Животопис
уредиБил роден во свештеничко семејство. Завршил основно училиште во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. Во Велес завршил гимназија и како најдобар ученик на генерацијата се стекнал со право да користи кралска стипендија. Во 1930 година се запишал на Медицинскиот факултет во Белград, а го завршил во 1935 година. Со дипломата лекар станал дворски лекар на кралското семејство Караѓорѓевиќ и бил еден од најмладите а во исто време и најдобрите лекари на кралскиот двор.[1]
Пред почетокот на Втората светска војна отворил приватна лекарска ординација во Белград, а во меѓувреме специјализирал ренгенолоrија. Бил многу приврзан кон своето родно Ваташа и секоја година по дваесетина дена престојувал кај својот брат и сестра. Д-р Ристо Сталев починал во Белград во 1946 година на 36 годишна возраст.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 433. ISBN 978-608-4621-04-1.