Ристо Јанков
Ристо Јанков (роден на 5 септември 1998 година) ― македонски фудбалер кој игра како голман за второлигашкиот романски клуб Политехника Јаши.[1]
Ристо Јанков | |||
---|---|---|---|
Јанков како репрезентативен голман во 2018 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 5 септември 1998 | ||
Роден во | Скопје, Македонија | ||
Висина | 1.90 м[1] | ||
Позиција | Голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Политехника Јаши | ||
Број | 22 | ||
Младинска кариера | |||
–2015 | Работнички | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2015–2022 | Работнички | 71 | (0) |
2017 | → Локомотива (позајмица) | ||
2022 | Каспиј | 2 | (0) |
2022– | Политехника Јаши | 12 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2014 | Македонија под 17 години | 2 | (0) |
2015–2016 | Македонија под 18 години | 3 | (0) |
2016 | Македонија под 19 години | 5 | (0) |
2017–2020 | Македонија под 21 година | 17 | (0) |
* Ажурирано на: 15 април 2023 ** Ажурирано на: 11:32, 20 мај 2021 (UTC) |
Клупска кариера
уредиЈанков бил унапреден во првата екипа на Работнички во 2015 година. Во август 2017 година, тој биле позајмен во Локомотива во Втората македонска фудбалска лига, пред да се врати во Работнички на почетокот на 2018 година.[2] Својот прв сениорски настап за Работнички во Првата македонска фудбалска лига го имал на 24 февруари 2018 година, влегувајќи како замена во 89. минута за Андреј Лазаров, откако почетниот голман Даниел Божиновски бил исклучен. Натпреварот завршил како победа на Работнички со 2–1.[3]
Меѓународна кариера
уредиВо февруари 2021 година, Јанков бил избран да се приклучи на краткиот тренинг камп на репрезентацијата на Македонија во Тренинг центарот „Петар Милошевски“.[4] Следниот месец, Јанков го добил својот прв службен повик за репрезентацијата, како репрезентативец за квалификациските натпревари за Светското првенство ФИФА 2022 против Романија, Лихтенштајн и Германија.[5] Прво бил вклучен на репрезентативната клупа во нивниот натпревар против Лихтенштајн, кој завршил со победа на домашен терен со 5-0.[6] На 20 мај 2021 година, Јанков бил повикан од изборникот Игор Ангеловски да се придружи во репрезентацијата за одложената завршница на Европското првенство 2020,[7] првиот голем меѓународен турнир на фудбалска Македонија.[8]
Почести
уредиРаботнички
- Вицепрвак во Фудбалскиот куп на Македонија: 2015/16
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Ристо Јанков на soccerway
- ↑ Tanaskovski, Martin (14 декември 2017). „Работнички раскина со Илиев и Кадриу, а го враќа Јанков“ [Rabotnicki parts ways with Iliev and Kadriu, and Jankov returns]. Gol.mk. Посетено на 3 мај 2023.
- ↑ „North Macedonia » 1. MFL 2017/2018 » 21. Round » FK Rabotnički – Vardar Skopje 2:1“. WorldFootball.net. 20 мај 2021. Посетено на 3 мај 2023.
- ↑ „Селекторот Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб организираат мини тренинг камп од 15. до 17. февруари“. Фудбалска федерација на Македонија. 10 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-20. Посетено на Предлошка:Infobox football biography 3. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за почетокот на квалификациите за СП 2022“. Фудбалска федерација на Македонија. 15 март 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-02. Посетено на 3 мај 2023.
- ↑ „FIFA World Cup Qatar 2022 Qualifiers – Europe – Matches – North Macedonia v Liechtenstein“. ФИФА. 28 март 2021. Архивирано од изворникот на 20 мај 2021. Посетено на 3 мај 2023.
- ↑ „Игор Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 2020“. Фудбалска федерација на Македонија. 20 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 3 мај 2023.
- ↑ „Georgia 0–1 North Macedonia: Visitors qualify for first major tournament“. BBC Sport. 12 ноември 2020. Посетено на 3 мај 2023.
Надворешни врски
уреди„Ристо Јанков“ на Ризницата ? |
- Ристо Јанков на WorldFootball.net
- Ристо Јанков на FootballDatabase.eu