Римокатоличка катедрала Свети Никола (Киев)
Римокатоличката катедрала Свети Никола (украински: Костьол Св. Миколи) е втората римокатоличка катедрала која била изградена во Киев, Украина. Христијанскиот храм бил изграден во периодот од 1899 до 1909 година и е изградена во готски стил, од страна на киевските архитекти Б. Городетски и Е. Салја. Историски гледано, црквата приопаѓа на латинскиот обред.
Катедрала Свети Никола Костьол Св. Миколи | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Киев, Украина |
Осветен | 1909 |
Водство | Општински оддел за култура |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Б. Городетски и Е. Сала |
Архитектонски стил | готска архитектура |
Завршен | 1896 |
Во 1909 година, катедралата била осветена во името на Свети Никола, но изградбата целосно не била завршена. Со доаѓањето на комунистичките власти, во 1938 година храмот бил затворен и истата користела за технички цели а во еден момент била и објект под контрола на КГБ. Во периодот 1979-1980, објектот бил реновиран и истиот бил претворен во Национален дом на камерна музика.
По распаѓањето на Советскиот Сојуз, во 1992 година црквата припаднала на општинскиот оддел за култура, а Римокатоличката црква се надева дека еден ден ќе биде вратена сопственоста на црквата.