РНК
РНК или рибонуклеинска киселина е нуклеинска киселина изградена од една полинуклеотидна низа.
Структура
уредиРибонуклеинските нуклеотиди содржат:
Синтеза
уредиРНК молекулата се синтетизира на калапот од една РНК-низа (оттука и сличноста со ДНК). Според тоа, РНК - низата содржи комплементарен распоред на нуклеотидите во однос на матичната ДНК полинуклеотидна низа. Молекулите на РНК се доста различни. Така, во различни клетки на еден ист организам, па дури и во една клетка, застапени се различни видови на РНК. Во зависност од некои структурни особености и нивната специфична функција, се разликуваат повеќе видови на РНК:
Видови на РНК
уреди- Рибозомска РНК, (r-RNA) - ја претставува главната маса на РНК во клетката, бидејќи е застапена со повеќе од 50% од вкупната РНК во клетката. Служи за изградба на рибозомите (откаде и името доаѓа), а се синтетизира во хромозомите на јадрото.
- Транспортна РНК, (t-RNA) - служи за транспорт на одделните аминокиселини до рибозомите во цитоплазмата. Се синтетизира од ДНК-низата.
- Информациона РНК, (i-RNA) - служи за пренесување на генетичката информација од гените до рибозомите, за да се упати редоследот на аминокиселините (во процесот синтеза на белковини). Се синтетизира од ДНК-низата. Бројот на i-RNA молекулите е приближно еднаков на бројот на белковинските молекули кои клетката ги синтетизира.
- Мали некодирачки РНК, snRNA (small noncoding RNA) - пример: miRNA (micro RNA), siRNA (short interfering RNA) кои ја регулираат генската екпресија на постранскрипциско ниво од трансферот на информациите од ген до белковина. Механизмот со кој се контролира генската експресија преку овие snRNA, е сечкање на зрелата mRNA и ултимативно доведува до синтетизирање на некомплетен и нефункционална белковина, која бива лизирана.[1]
Наводи
уреди<1> "Killing the messenger: short RNAs that silence gene expression" Derek M. Dykxhoorn, Carl D. Novina, Phillip A. Sharp Nature Reviews Molecular Cell Biology 4, 457 - 467 (01 Jun 2003), doi: 10.1038/nrm1129, Review