Речна тринга

вид птица
Речна тринга
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Семејство: Мочварки
Род: Actitis
Вид: Речна тринга
Научен назив
Actitis hypoleucos
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Tringa hypoleucos Linnaeus, 1758

Actitis hypoleucos

Речната тринга (научActitis hypoleucos) е мала палеарктичка крајбрежна птица од семејството на мочварките (научScolopacidae), која заедно со америкнскиот вид (Actitis macularia) го сочинуваат родот Actitis.

Опис

уреди

Речната тринга е долга 18–20 см, со распон на крилјата 32–35 см. Одоздора е сивкавокафеава, а одоздола бела. Има кратки темножолтеникави нозе и стапала, а клунот му е со посветла основа и темен врв. Зимно време перјето е поветво со поизразени рабови на крилјата што е видливо од поблизу. Младенчињата се попрошарани одозгора и имаат кремави завршетоци на пердувите на крилјата.

Поведение

уреди

Оваа птица е дружељубива и може да се види во големи јата, со својот впечатлив лет со чести силни замавнувања на крилјата, ниско над водата. Речната тринга се размножува низ поголемиот дел на умерена Европа и Азија, а во зима се сели во Африка, јужна Азија и Австралија. Најисточната граница каде се појавуваат е Палау во Микронезија, каде илјадници птици застануваат на одмор.[2]

 
Барајќи храна за време на зимување во Индија
 
Јајце од речна тринга

Речната тринга се храни собирајќи мали инсекти, ракови и други безрбетници по површината на меката кал, а може да ги улови и во лет.

Сезоната на парење трае од мај до август. Гнездото е плитка дупка во земјата, обрабено со растителен материјал, изградено на острови или во близина на брегот, како и скриено во грмушки. Женката вообичаено несе четири јајца со големина од 35 милиметри. Во квачењето, кое трае три недели, учествуваат двајцата родители. Младенчињата, кога се во опасност, може да се закачат за телото на родителот за да ги пренесат на посигурно.[3]

Статус

уреди

За овие птици важи Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Таа е широкораспространета и честа птица, која спаѓа во категоријата на најмала загриженост, но е ранлив вид во некои области на Австралија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Actitis hypoleucos. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. VanderWerf, Eric A.; Wiles, Gary J.; Marshall, Ann P. & Knecht, Melia (2006): Observations of migrants and other birds in Palau, April–May 2005, including the first Micronesian record of a Richard's Pipit. Micronesica 39(1): 11-29. PDF fulltext Архивирано на 15 јуни 2011 г.
  3. Mann, Clive F. (1991): Sunda Frogmouth Batrachostomus cornutus carrying its young. Forktail 6: 77-78. PDF fulltext Архивирано на 28 август 2008 г.

Надворешни врски

уреди