Репрезентација на Финска во хокеј на мраз

Репрезентација на Финска во хокеј на мраз е репрезентација на Финска во хокеј на мраз која е под контрола на Хокеарскиот сојуз на Финске. Репрезентација меѓународно се натпревраува од 1928 година.

Финската хокеарска репрезентација досега има освоено два златни медали на Светските првенства во хокеј на мраз во 1995 во Шведска и 2011 во Словачка. Покрај златото имаат освоено уште шест сребрени и три бронзени медали.

На Олимписките игри учествувале четирнаест пати и имаат две сребрени и три бронзени медали.

Вкупно во државата има 67.336 регистрирани играчи.[1]

Првиот натпревар во својата историја Финска го одиграла во Хелсинки против Шведска, на 29. јануари 1928 година и во тој двобој била поразена со 8-1. Најтешкиот пораз Финска го доживеала од Канада во 1947 година со резултат 24-0, додека највисоката победа ја памтат од 1994 година кога ја совладале Норвешка со 20-1.

Најмногу настапи за финската репрезентација има Раимо Хелминен, кој одиграл 331 натпревар во националниот дрес, а истиот играч е и најефикасен со вкупно 207 голови.

Настапи на натпреварувања уреди

Олимписки игри уреди

Место Година Пласман Место ОН П Н И ДГ ПГ
  Осло 1952 Финална рунда 7. 8 2 0 6 21 60
  Кортина Д'Ампецо 1956 Не учествувале
  Скуо Вали 1960 Прва фаза 7. 6 3 1 2 18 33
  Инсбрук 1964 Прва фаза 6. 8 3 0 5 18 33
  Гренобл 1968 Прва фаза 5. 8 4 1 3 28 25
  Сапоро 1972 Финална рунда 5. 6 3 0 3 27 25
  Инсбрук 1976 Финална рунда 4. 6 3 0 3 30 20
  Лејк Плесид 1980 Финална рунда 4. 7 3 1 3 31 25
  Сараево 1984 Прва фаза 6. 6 2 1 3 31 26
  Калгари 1988   Сребрен 2. 8 5 1 2 34 14
  Албертвил 1992 Четвртфинале 7. 8 4 1 3 29 11
  Лилехамер 1994   Бронзен 3. 8 7 0 1 38 10
  Нагано 1998   Бронзен 3. 6 3 0 3 20 19
  Солт Лејк Сити 2002 Четвртфинале 6. 4 2 0 2 12 10
  Торино 2006   Сребрен 2. 8 7 0 1 29 8
  Ванкувер 2010   Бронзен 3. 6 4 0 2 19 13
  Сочи 2014   Бронзен 3. 6 4 1 1 24 10
  Пјонгчанг 2018 Квалификувани
  Пекинг 2022 To be determined
Вкупно 16/17 0 Титули - - - - - - -

Наводи уреди

  1. Финска на ИИХФ, Пристапено 24. 4. 2013.

Надворешни врски уреди