Религија во Гана
Деноминација | 2000 [1] | 2010 [2] |
---|---|---|
Христијани | 68.8% | 71.2% |
Пентекости | 24.1% | 28.3% |
Протестанти | 18.6% | 18.4% |
Католици | 15.1% | 13.1% |
Останати христијани | 11% | 11.4% |
Муслимани | 15.9% | 17.6% |
Традиционална религија | 8.5% | 5.2% |
Нерелигиозни | 6.1% | 5.2% |
Останати | 0.7% | 0.8% |
Религијата во Гана има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството е најголема религија во Гана, со околу 71,2% од населението, кои се припадници на различни христијански деноминации според податоци од 2010 година на пописот во земјата[3].
Според пописот од 1960 година, 25% биле муслимани, 23% биле традиционалисти, 41% биле христијани, а остатокот (околу 9%) припаѓале на друга религија. Според истиот попис, 25% биле протестанти (Непентекости), 13% биле Римокатолици, 2% биле Пентекости и 1% припаѓале на независни африкански цркви.
Верската толеранција во Гана е на многу високо ниво. Христијанските празници Божиќ и Велигден се признати како национални празници.
Христијанство
уредиПрисуството на христијанските мисионери на брегот на Гана датирана од доаѓањето на португалските трговци во 15 век. Основите на христијанската црква во земјата биле поставени во текот на 19 век од страна на методистичките мисионери, преку преобраќње на образовната класа на народ. Денеска сѐ уште постојат средни училишта за црковно образование на младите, и истите училишта се финансирани од државата според Законот за образование од 1960 година.[4]
Обединувачка организација на христијаните во земјата е Христијанскиот Совет на Гана, кој бил основан во 1929 година. Во овој совет има претставници од методистичката, англиканската, менонитичката, презвитеријанската, евангелската, африканската методистичката, христијанската методистичката, евангелско-лутеранската, и други цркви. Адвентистичката црква, која не е членка на христијанскиот совет, има силно присуство во Гана. Националниот католички секретаријат, основан во 1960 година исто така ги координира различните епархии во земјата.
Ислам
уредиИсламот во земјата главно се распространил благодарение на трговците од Северна Африка, во текот на 15 век. Поголемиот дел од муслиманите во Гана се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и Кадирија[4] И покрај ширењето на исламот во Блискиот Исток и Северна Африка уште од средината на 1970-тите години, муслиманите и христијаните во Гана имале одлични односи. Во земјата постои Совет на муслиманите кој е одговорен за средување на аџилак во Мека за верниците кои можат да си дозволат патување. Сепак, останува да постои јаз меѓу муслиманите и христијаните во Гана. Како што општеството во Гана се модернизира, муслиманите биле блокирани во учеството во процесот на модернизација. Ова е во голема мера поради пристапот до работните места и потребите од модерно образование, кое е застапено единствено во мисионерските училишта. Многу муслимани стравувале дека испраќањето на своите деца на мисионерско училиште може да резултира со промена на верата[5].
Останати
уредиХиндуизмот се практикува во Гана од 1947 година и се шири активно од страна на хиндуистичкиот манастир на Гана. Денеска во земјата живеат околу 25,000 хундуисти. Во 1998 година првиот будистички храм бил изграден во земјата.
Наводи
уреди- ↑ [1]
- ↑ „Ghana“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2017-06-29.
- ↑ http://lcweb2.loc.gov/cgi-bin/query/r?frd/cstdy:@field(DOCID+gh0059)
- ↑ 4,0 4,1 Owusu-Ansah (1994), "Christianity and Islam in Ghana".
- ↑ Holger Weiss (2004), "Variations in the Colonial Representation of Islam and Muslims in Northern Ghana, ca. 1900-1930".