Рашела Адижес ( 1923 во Скопје1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.[1]

Животопис

уреди

Била активна во НОБ од 1941 година. Во 1942 година била член на воспитна, а потоа и скоевска група.[2] Собирала народна помош, изработувала топла облека за борците во НОВ и ПОМ и работела на организирање на македонските еврејки во симпатизерски групи. Во март 1943 година била депортирана од страна на бугарскиот фашистички окупатор во концентрациониот логор Треблинка, Полска и задушена во гасна комора.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 969.
  2. „ЕВРЕЈКИТЕ ОД СКОПЈЕ“. holocaustfund.org.mk (англиски). Посетено на 2024-07-19.