Ратковица

историско село во денешна Општина Пробиштип

Ратковица — историско село кое постоело како посебна населба сè до 1920 г. Поради низа зулуми од Турците и партиските поделби од таа година е припоено кон соседното село Шталковица.

Ратковица
Ратковица во рамките на Македонија
Ратковица
Местоположба на Ратковица во Македонија
Ратковица на карта

Карта

Координати 42°00′28″N 22°18′16″E / 42.00778° СГШ; 22.30444° ИГД / 42.00778; 22.30444
Регион Источен
Општина Пробиштип
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 986 м
Ратковица на општинската карта

Атарот на Ратковица во рамките на општината
Ратковица на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото Ратковица е сместено на југозападните обронци од планината Пониква, во близина на месноста Раткова Скала. Се наоѓа на надморска висина од 900 - 1000 метри. Селото е поделено на Горна и Долна Ратковица. Горна е сместено во вдлабнина меѓу два рида, околу поток и, Долна Ратковица на падина до Раткова Скала и отворени висови на Запад кон с. Шталковица и Злетово.

Историја

уреди

Во историска смисла Ратковица е стара населба.Во историските извори, за прва пат се спомнува во житието на Св. Гаврил Лесновски. Таму,покрај другото, стои откако архистратегот Михаил ја изгубил битката со Мавраган (од презимето се гледа дека се работи за некој феудалец од Печенезите) избегал во Ратковица, каде најверотано имал утврди, двор итн. Во подоцнешните турски евиденции на населението Ратковица не се јавува ни како мезра (не населено) ни како запустено. Причина за ова нешто е секако фактот што населението се занимава главно со стока и сточарење.Сточарството, особено во планинскиот дел на Осоговието има изразито поволните природни услови за одгледување на крупен и ситен добиток. Меѓутоа, од друга страна, е изложено на постојани грабежи и разбојнички напади (од Турците од с. Турско Рудари и други бројни ајдутски дружини кои крстареле по планината).Така да селаните се принудени со своите стада да го менуваат живеалиштето и пак да се враќат назад, на старото. Оттаму речиси е невозможно поодередно да се каже кога е Ратковица населена, кога е ограбена или опожарена а населението разбегано по околините селишта и села, кога е4 запустено,а кога е пак населено...

Население

уреди

Иако недостасува писмена евиденција за обемот и динамиката на развојот на населението, особено од турскиот период, сепак во последните децении од XIX век, гледаме (Ѓ. Петров „Материјали...“) како селото Ратковица 1880 г. има 30 куќи и 50 жители.Но, поради разбојнички напади посебно од страна на Турци од с. Турско Рудари кои „фрлиле око“ на богатите пасишта и утрини, поголемиот дел од населението веќе се иселил. Покрај „редовните „ грабежи од Турско време, овие насилиа и грабежи не престанале ни во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.Со самото тоа што е сместено на граница каде завршува ненаселениот простор од Осоговските планини Ратковица е изложена на постојано насилие и грабежи од две страни. Од страна Здружението за борба против бугарските бандити и од страна на веќе „неконтролираните“ сили на Тодор Александров и подоцна Ванчо Михајлов.

Така, на пример, месниот војвода на Здружението за борба против бугарските бандити, озлогласениот Мино Станковиќ, на 25.12. 1930 г. со својата чета и и вооружената селска милиција ја окупира Ратковица. Потоа ги уриваат сите куќи и стопански згради: штали,плевни, трла. Селаните за да презимат на своите поседи за кои имаат документи за сопственост градат некакви колиби и засолништва за себе и за стоката. По неколку дена и овие засолништва од истиот војвода ќе бидат срамнети со земјата. Ратковица таа година имала 7 куќи 47 жители... Сега во Ратковица постојано живеат само три лица. Се занимаваат со експлоатација на огревно дрво и одгледување на добиток. Еден од нив е вистински газда, има дури преку 50 глави крупен добиток.

Стопанство

уреди

Населението на Ратковица адекватно на природно - географските услови, главно ливади и шуми и нешто обработливо земјиште, е ориентирано кон сточарство и сточарски производи. Се одгледувало најмногу кози, овци и крупен добиток. Покрај сточарството друга значајна економска дејност е ситното дрварствоп. Производство на дрвен јаглен, дрва за горење, дрвен градежен материјал за градба на куќи и други објекти, за изработка на коли (литарки) буриња, каци итн.Во селото се изградени повеќе викедндици

Институции

уреди

Немало и нема училиште пред сè поради малиот број население, а секако и поради крајно нестабилните услови за живот. Немало и нема ни црква. Во “Долна Ратковица“ е спомен белегот, во облик на пирамида, за Аврам Писевски, борец од Скопје кој 1944 г. загинува во борбата на групата батаљони од НОВ предводени од генерел Михајло Апостолски против бугарските окупацони сили.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  • Група автори, Злетовска област, Скопје,1974 г.
  • Стеван Симиќ, До неговото Височество кнезот намесник Павле, Белград,Тужба,ИНИ,Скопје.
  • Ѓорче Петров,Материјали по изучванието на Македонија,Софија 1896.
  • Ѓорче Петров,Спомени,Скопје,1950.