Рататуи (филм)

(Пренасочено од Рататоил)

Рататуи (француски: Ratatouille) e компјутерско-анимиран филм од 2007 година продуциран од Pixar и дистрибуиран од страна на Walt Disney Pictures. Ова филм е осмиот по ред долгометражен филм продуциран од страна на Pixar, и е режиран од страна на Бред Бирд. Насловот на овој филм претставува француски специјалитет кој подоцна во филмот се служи во ресторанот, а и исто така е игра на зборови бидејќи првите три букви од Рататуи означуваат стаорец на англиски.

„Рататуи
(Ratatouille)“
Филмскиот плакат за филмот Рататуј
РежисерБред Бирд
ПродуцентДарла К. Андерсон
СценаристБред Бирд
Главни улогиПетон Освалт
Лоу Романо
Питер Сон
Бред Гарет
Жанркомедија, анимација
МузикаМајкл Гиакино
ДистрибутерWalt Disney Pictures
Премиера САД
29 јуни 2007
Времетраење111 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$150.000.000
Бруто заработка$620,261,049

Филмот го следи Реми, стаорец кој сонува да стане готвач и тоа го прави формирајќи сојуз со еден чистач кој работи во париски ресторан. Рататуи беше реализиран на 29 јуни 2007 година, во САД, и веднаш се здоби со позитивни критики, и голема заработка, а подоцна доби и оскар во повеќе категории, меѓу кои е и таа за „Најдобар анимиран филм“.

Синопсис

уреди

Глушецот Реми има необична желба. Тој сака да стане главен готвач во отмен ресторан. Шанса за тоа гледа во угледниот француски ресторан каде што работи неговиот идол, готвачот Огус Густо. Негово мото е “Секој може да стане готвач”. Но, со самото влегување во кујната Реми сфаќа дека тоа е многу опасно место за некој со четири екстремитети и опашка. Во моментот кога мисли дека не постојат буквално никакви шанси за исполнување на неговиот сон, тој се запознава со Лингуини, срамежливото момче кое има задача да го исфрла ѓубрето од кујната и на кое му се заканува отказ. Така оваа необична двојка која нема што да изгуби формира партнерство – Лингуини треба да готви според идеите на Реми. Наскоро тие двајцата со своите прекрасни јадења ќе го освојат Париз.