„Рани дела“ (српски: Рани радови) — српски филм од 1969 година, во режија на Желимир Жилник. Главните улоги ги толкуваат: Миља Вујановиќ, Богдан Тирнаниќ и Марко Николиќ. Филмот е едно од најважните дела на југословенскиот црн бран. На 8 март 1969 година, филмот бил одбиен за прикажување од страна на цензурата, а на 23 јуни истата година против него бил започнат судски процес поради „вознемирување на југословенската јавност“. Филмот добил дозвола за јавно прикажување дури во 1982 година.[1]

Синопсис

уреди

Во филмот на алегоричен начин е прикажана приказната на неколку млади учесници во студентските демонстрации, одржани во јуни 1968 година во Белград: тројца момчиња и девојката Југослава се супроставуваат на малограѓанското секојдневие. Во желбата да го „променат светот“, а инспириани од текстовите на младиот Карл Маркс, тие одат низ селата и фабриките, за да ја „разбудат свеста“ на луѓето и да ги охрабрат во борбата за еманципација и достоинствен живот. Во текот на нивната работа, тие се соочуваат со примитивизмот и бедата, но и со сопствените ограничувања, слабости, немоќта, љубомората... Притоа, тие се уапсени од милицијата. Фрустрирани што планираната револуција е неостварена, трите момчиња одлучуваат да ја елиминираат Југослава, која е сведок на нивната неспособност. Пукаат во неа, ја прекриваат со партиското знаме, го палат нејзинотоо тело, така што од планираната акција останува само темен столб чад кој се крева кон небото. Пораката на крајот од филмот гласи: „Оние кои револуцијата ќе ја изведат само до половина, само си го копааат својот гроб.“ - Антоан де Сен Жист[2]

Наводи

уреди