Желимир Жилник
Желимир Жилник (Ниш, 8 септември 1942) — српски филмски режисер и сценарист, главно на документарци.
Желимир Жилник | |
---|---|
Роден(а) | 8 септември 1942 Ниш, Србија |
Образование | Универзитет во Нови Сад |
Занимање | режисер, сценарист |
Сопружник | Сарита Матијевиќ |
Родители | Конрад Жилник, Милица Жилник |
Страница http://www.zilnikzelimir.net/ |
Животопис
уредиРоден е на 8 септември 1942 година во кампот на Црвениот крст во Ниш, каде била приведена неговата мајка. Бидејќи неговите родители Слободан и Милица починале за време на војната (неговата мајка била убиена во логорот, а неговиот татко бил убиен од четниците во 1944 година), тој пораснал со семејството на неговата мајка.
Вниманието на себе го привлекол во 60-тите години на минатиот век со филмовите „Невработени луѓе“ и „Рани дела“, за кои добил меѓународни награди. Добитник е на наградата Златна мечка во 1969 година за филмот „Рани дела“ на меѓународниот филмски фестивал во Берлин и наградата „Теди“ во 1995 година, исто така, на Берлинскиот фестивал, за филмот „Газ од мермер“.
Добитник е на повеќе филмски награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело на фестивалот за документарен и краток филм во Белград во 2013 година.[1] Добитник е на Наградата на средноевропската иницијатива на 30-тиот Филмски фестивал во Трст во 2019 година.[2]
Режија на филмови
уредиГодина | Филм | ||
1960-ти | |||
1967 | Журнал за младината на село во зима (документарен краток филм) | ||
1967 | Пионери малчки (документарен краток филм) | ||
1967 | Лека ноќ, Шњука (краток филм) | ||
1968 | Невработени луѓе (документарен краток филм) | ||
1969 | Јунски движења (документарен краток филм) | ||
1969 | Рани дела | ||
1970-ти | |||
1971 | Црн филм (документарен краток филм) | ||
1971 | Жените доаѓаат | ||
1973 | Востание во Јазак (документарен краток филм) | ||
1975 | Наведени згради | ||
1975 | Јавно погубување | ||
1976 | Рај | ||
1976 | Збогум | ||
1978 | Плацмајстори (документарен краток филм) | ||
1979 | Седум мадарски балади (ТВ) | ||
1980-ти | |||
1980 | Истарски Италијанци (ТВ) | ||
1981 | Вера и Ержика (ТВ) | ||
1982 | Драгољуб и Богдан (документарен филм) | ||
1983 | Втора генерација | ||
1984 | Станимир слегува в град (ТВ) | ||
1985 | Сите ѕвезди (документарен краток филм) | ||
1986 | Сопнати овчички (ТВ) | ||
1986 | Убави жени поминуваат низ град | ||
1986 | Белграде, добро утро (ТВ) | ||
1988 | Жешки плати (серија) | ||
1988 | Бруклин - Гусиње (ТВ) | ||
1989 | Тартиф | ||
1989 | Така се калеше челикот | ||
1989 | Стара машина (ТВ) | ||
1990-ти | |||
1993 | Тито по втор пат меѓу Србите (документарен филм) | ||
1995 | Газ од мермер | ||
1999 | Каде плови овој брод | ||
2000.-те | |||
2001 | Тврдина Европа | ||
2003 | Кенеди се враќа дома (документарен филм) | ||
2005 | Каде беше Кенеди 2 години? (документарен краток филм) | ||
2005 | Европа преку плотот (документарен филм) | ||
2007 | Кенеди се жени | ||
2009 | Стара школа на капитализмот | ||
2013 | Пирика на филм |
Сценарија за филмови
уредиГодина | Филм | ||
1960-ти | |||
1968 | Невработени луѓе (документарен краток филм) | ||
1969 | Рани дела | ||
1970.-те | |||
1971 | Црн филм (документарен краток филм) | ||
1971 | Жените доаѓаат | ||
1987 | Ангел чувар | ||
1973 | Востание во Јазак (документарен краток филм) | ||
1980-ти | |||
1982 | Драгољуб и Богдан (документарен филм) | ||
1983 | Втора генерација | ||
1985 | Сите ѕвезди (документарен краток филм) | ||
1986 | Убави жени проаѓаат низ град | ||
1986 | Белграде, добро утро (ТВ) | ||
1988 | Бруклин - Гусиње (ТВ) | ||
1989 | Така се калеше челикот | ||
1990-ти | |||
1993 | Тито по втор пат меѓу Србите (документарен филм) | ||
1995 | Газ од мермер | ||
1999 | Каде плови овој брод | ||
2000-ти | |||
2003 | Кенеди се враќа дома (документарен филм) | ||
2005 | Каде беше Кенеди 2 години? (документарен краток филм) | ||
2005 | Европа преку плотот (документарен филм) | ||
2007 | Кенеди се жени | ||
2009 | Стара школа на капитализмот (документарен филм) |
Улоги
уредиГодина | Филм | Улога |
1985 | Тајванска канаста (ТВ) |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Желимир Жилник“ на Ризницата ? |