Рамнодушен (расказ)

Рамнодушен е расказ на францускиот писател Марсел Еме. Расказот е објавен на македонски јазик во 2008 година (во состав на збирката раскази под наслов “Париски приказни”), од страна на издавачката куќа “Темплум”, а преводот од француски јазик е направен од Ружа Димишковска.

Содржина

уреди

Штотуку излезен од затвор, главниот јунак на расказот оди кај криминалецот Меде, барајќи некоја работа. Меде му вели дека повеќе не се занимава со такви работи и го упатува кај друг криминалец, со име Гистав. Гистав има вооружена група која ги ограбува околните фармери, често извршувајќи брутални убиства. Главниот лик се истакнува со своето ладнокрвно и професионално извршување на убиствата и поради тоа, тој е унапреден, така што добива друга работа. Неговата задача е да носи клиентите до една ливада од каде што божем тие треба со авион да пребегаат во Англија, но наместо тоа, тој треба да ги убие и да им ги земе вредните работи. Сепак, нему не му се допаѓа идејата да убива на таков подмолен начин и затоа му ја кажува вистината на клиентот и не го извршува убиството. Потоа оди кај Големата Бети, која му била љубовница на татко му, а со која и тој самиот имал неколку сексуални односи. Таа му кажува дека Меде и организирал тајно пребегување во Англија, со авион. Така, тој дознава дека, всушност, Меде е неговиот шеф. Утредента, тој ги изненадува Меде и Големата Бети и ги заклучува во подрумот на напуштената куќа во која тој треба да ја убие Бети. Притоа, тој им фрла еден револвер и Меде и Бети се борат за да го земат револверот. Главниот лик на расказот седи на ливадата и слуша истрел, а потоа од подрумот излегува Бети.[1]

Наводи

уреди
  1. Марсел Еме, Париски приказни, Темплум, Скопје, 2008.