Раковски (бугарски: Раковски) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Раковски во Пловдивската Област. Има население од околу 15.694 жители (2022).[1]

Раковски
Раковски
град
Католичката црква во населбата Генерал Николаево
Католичката црква во населбата Генерал Николаево
Раковски is located in Бугарија
Раковски
Раковски
Местоположба на Раковски во Бугарија
Координати: 42°17′18″N 24°57′56″E / 42.288388° СГШ; 24.965482° ИГД / 42.288388; 24.965482
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаРаковски
Управа
 • ГрадоначалникПавел Гуџеров (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна97,99 км2 (37,83 ми2)
Надм. вис.&10000000000000180000000180 м
Население (2022)
 • Вкупно15,694
 • Густина160/км2 (410/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4150
Повик. бр.+359 03151
Мреж. местоrakovski.bg

Географија и местоположба уреди

Градот се наоѓа во централниот дел на Горнотракиската Низина, 25 километри североисточно од регионалниот центар Пловдив и 161 км од главниот град Софија.

Историја уреди

Трагите од човечко население во областа датираат уште од халколитот. На 2 км југоисточно од градот се пронайдени остатоци од античка населба и римски пат.

Областа на денешниот град била населена од Павлиќаните во средниот век, кои служеле како граничари и тешко вооружена пешадија во битките меѓу Византија и Бугарија помеѓу 9 и 14 век. По жестоките борби со Османлиите кон крајот на 14 век повеќето од нив побегнале во Никопол на Дунав, последното упориште на Второто бугарско царство,. Таму го прифатиле римокатолицизмот од мисионерите од Чипровци и постепено се вратиле во своите родни места. Меѓутоа, различната вероисповед не влијаела на патриотските чувства на локалните жители, бидејќи многумина учествувале во бугарската национална преродба.

Градот настанал во 1966 година кога биле споени трите блиски села Генерал Николаев, Секирово и Парчевич. Денес тие се населби на градот, кој го носи името по истакнатиот бугарски национален револуционер Георги Раковски.

Посета на Папа Франциск уреди

На 6 мај 2019 година за време на неговиот апостолски аџилак во Бугарија, папата Франциск го посети градот Раковски. Градот беше украсен со над 700 комплети знамиња на Европската Унија, Бугарија, Ватикан и општина Раковски. Светиот Отец отслужи свечена литургија во црквата „Пресвето Срце Исусово“, каде што за прв пат се причестија околу 250 деца од сите католички парохии во Бугарија.[2]

Наводи уреди

Надворешни врски уреди