ZlatkoPyotr
Добре дојде!
Здраво, ZlatkoPyotr, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:
Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}}
пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 19:12, 13 септември 2020 (CEST)
Покана за учество во иницијативата „Цели за одржлив развој“
уредиЦели за одржлив развој претставува меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со Целите за одржлив развој (ЦОР). Преку поврзување на заедница од стотици доброволни уредници од една страна и стручњаци за ЦОР од друга страна, иницијативата се стреми кон зголемување на свеста за целите, зајакнување на целокупното движење за нив и поставување основи за позадлабочено содржинско покривање на темите поврзани со целите во иднина.
Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со Целите за одржлив развој на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачка седмица во којашто ги повикува да се вклучат сите заинтересирани уредници и страни со стручни познавања на темата. Иницијативата временски се поклопува со Глобалната седмица на целите и е во времетраење од 19-26 септември 2020 година и со доделување на награди за најдобрите учесници. Dandarmkd (разговор) 15:15, 18 септември 2020 (CEST)
Совети
уредиЗдраво, пред сѐ браво за вложениот труд и пишување на статии, особено во делот на музиката, на нашата Википедија. Статиите ти се токму како што треба. Сепак, кога уредуваш статии за личности (но и општо), битно е статиите да имаат свои категории, со што на тој начин тие ќе бидат поврзани со слични статии кои веќе постојат на нашата Википедија. Погледни ја последната статија за Зоран Сталевски, како ја досредив и продолжи понатаму. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 09:49, 16 октомври 2020 (CEST)
Автопрегледен корисник
уредиЗдраво, сакам да те информирам дека отсега твоите уредувања ќе бидат автоматски прифаќани. Одлични статии изминатиов период. --Ehrlich91 (разговор) 12:03, 22 октомври 2020 (CEST)
Список на македонски песни
уредиЗдраво! Видов дека сте префрлиле некои песни од „Песни создадени пред повоениот период“ во „Песни создадени во повоениот и во современиот период“. Во првата категорија забележав и многу други песни кои се новосоздадени и би требало да се во втората категорија на песни. Би помогнал околу тоа, но моите уредувања најчесто чекаат верификација. Поздрав. --Горец (разговор) 23:03, 13 јануари 2021 (CET)
- Ги разгледав песните од А до Љ. Патриотските песни се најчесто од „Гоце фест“, другите се фестивалски, како „Фолк фест Валандово“ итн. (Ај засвирете млади момчиња; Ајде свате дигни чаша; Ајде сите запејте, весело оро играјте; Ако бевме заедно; Ако имаш срце; Ако пијам рујно вино; Ако само запеам; Бисер балкански; Вардаре, Пирин кај ти е?; Вечна љубов пак ќе водиме, Во Струмица на улица; Вратете се Македонци; Глас се слуша, плач и лелек; Гордо Порече; Дај ми надеж; Дајте ми ја; Дали чекаш стара мајчице; Две китки; Една комитска; Една мисла имаме; Жал за Деспина; Запејте песна другари; Запејте сите ангели; Запри, запри виолино; Зошто ме мачиш судбино клета; Зошто си ме мајко родила; Јано мори, Јанинке; Каде сте, Македончиња?; Како да ти речам мила остани; Кога ќе те жениме Дамјане; Кочани, мој роден крај; Лазарополе, таму најгоре; Лична валандовчанка; Љубов голема). Исто така, голем дел од песните на Јонче Христовски се негови, авторски, вклучително и песната „Македонско девојче“, најверојатно и: Ај засвирете ми чалгии, Ако умрам ил загинам, Весели другари, Битолчани мераклии, Една гитара, Животе мој. Поздрав, --Горец (разговор) 18:01, 28 јануари 2021 (CET)
Wikipedia Asian Month 2020 Postcard
уредиDear Participants, Jury members and Organizers,
Congratulations!
It's Wikipedia Asian Month's honor to have you all participated in Wikipedia Asian Month 2020, the sixth Wikipedia Asian Month. Your achievements were fabulous, and all the articles you created make the world can know more about Asia in different languages! Here we, the Wikipedia Asian Month International team, would like to say thank you for your contribution also cheer for you that you are eligible for the postcard of Wikipedia Asian Month 2020. Please kindly fill the form, let the postcard can send to you asap! For tracking the progress of postcard delivery, please check this page.
Cheers!
Thank you and best regards,
Земи учество во СИЕ Пролет 2021
уредиЗдраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)
Обид за пронаоѓање на lost media од "Оправдано Присутни"
уредиЗдраво! Се надевам дека ви пишувам во добар период, целта на мојот мејл е пронаоѓање на еден стар медиум издаден од тогашното списание "Оправдано Присутни" Станува збор за анимирана серија, аниме поточно под име "Samurai Champloo" или "Самурај Чемплу" на наш јазик.
Издаден беше во ЦД формат некаде во 2005тата година според лична претпоставка, за вкупниот број на издадени/преведени епизоди не сум сигурен, бидејќи ги имам само 6та и 14та епизода, има голем временски простор меѓу нив бидејќи 14тата епизода ја купив неколку години после 6тата. Пред неколку месеци успеав да ги дигитализирам двете ЦД-ња, и пред 4 месеци поточно ја објавив 6тата епизода на Јутјуб со цел да пронајдам некој корисник што би имал или би знаел некој што ги има и другите епизоди во ЦД-формат. Не добив абсолутно никаков фидбек досега. Дознав пред скоро време дека тогашната А1 телевизија ја емитуваше серијата пред да ја издава како медиум во ЦД-формат преку "Опрадвано Присутни" Бидејќи ги поседувате овие ЦД-формати од анимираната серија, или можеби знаете некого што би ги имал, имам молба до вас, епизодите што ги поседувате, вклучувајќи ги и некои други кои би можеле да ги побарате, да бидат дигитализирани бидејќи не би сакал да ги барам во тврда копија. Епизоди кои се бараат: 1,2,3,4,5,7,8,9,10,11,12,13,15.....и така натаму. Се надевам дека ќе добијам барем од вас фидбек, ви благодарам однапред. 77.28.243.105 (разговор) 01:41, 19 февруари 2024 (CET)
Поврат на вашиот Youtube коментар на видеото "Самурај Чемплу Епизода 6"
уредиЗдраво, прво сакам да ви се заблагодарам што ми вративте на пораката.
(Ви враќам на Википедија бидејќи пред скоро време епизодата што ја објавив беше блокирана поради авторски права).
Причината зошто бев и решив да бидам во потрага по овие ЦД-ња беше од носталгични причини, мојата цел беше да ги соберам сите епизоди, специфично од Оправдано Присутни, и да ги објавам за оние кои исто како мене, пораснаја со ова Аниме. Поради чувството сентименталност, што е дел од мојата природа, добив помош од една наша Македонска аниме инстаграм страница. Успеавме да ги најдеме 1-14 (без 13) ЦД-ња. Но, бидејќи неможев да пронајдам апсолутно никаква информација за тоа колку епизоди беа навистина преведени, (со додадени маркетинг реклами), бев навистина обесхрабрен да ја продолжам оваа мисија.Над тоа, админот на страницата беше, и е презафатен да ја презвеме одговорноста да ги дигитализира епизодите што веќе ги пронајдовме, вклучувајќи ме и мене, доволно доказ за тоа е моето касно обраќање кон вас, за што ме јаде срам и навистина се извинувам. После некое време, одлучивме привремено да "кренеме раце" од оваа амбиција, и да продолжиме кога ќе биде соодветно.
За крај, ви благодарам за вашите сугестии, но, стариот и изгубен медиум, вреди многу повеќе од она што би можел јас да го направам. Пронаоѓање на нешто што, било долго изгубено во времето, е слично како пронаоѓање на некаков скапоцен камен, а јас, колку што се познавам себеси, неможам тоа да го создадам од темел.
Се надевам моите метафори не беа главоболка, таков е мојот речник 😅 Поздрав, и се најдобро 77.28.220.226 (разговор) 23:51, 30 август 2024 (CEST)