Разговор со корисник:INkubusse/Архива 3
Во врска со банот за Amacos
уредиСамо да знаеш дека јас веќе му одговорив на анонимниот бугарски корисник што бараше бан за Amacos. Ако сакаш да го видиш одговорот, можеш да го погледнеш тука. Не сум сигурен дека тој ќе го забележи, но во секој случај. И не секирај: можеш слободно да си пишуваш на мојата страница за разговор. Патем, не ми е јасно која е разликата меѓу насловот што ти го предложуваш и оној што веќе го има статијата Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. --Виктор Јованоски 19:49, 10 октомври 2007 (UTC)
Проба
уредиАбе чудна ми е ова википедијава ептен ..:)) D4n13L 23:59, 13 септември 2007 (UTC)
- Аjдеее... 62.162.151.3 05:29, 14 октомври 2007 (UTC)
Повик...
уредиАлександре, те молам да го дадеш своето мислење околу текстот што предложив да се вметне во неофицијалниот став за етногенезата на Македонците, а се однесува на истражувањето на Тентов и Бошевски. Ти препорачувам да го прочиташ и разговорот од моментот кога Виктор ја испразни страницата (со архивирањето), па до крај. Имавме напната дискусија... Поздрав! --Фичо 15:18, 17 октомври 2007 (UTC)
Празни страници...
уредиЕј... во врска со тоа што објавувам не направени страници, ако може да ги избришете сите што не се направени па јас накнадно ќе ги поставувам оваа недела по ред... вака сега не сум сигурен дали ќе ги завршам наскоро, така да избришете ги ако може...
Thanks
уредиThanks for your help and kindness. Truely I do not speak Macedonian. I am Hungarian from Csesznek village and I am interested in the history of my village and "my castle", so I am a single purpose editor. I would like to write some related articles about the following topics:
I am able to contribute in bad Bulgarian, but perhaps it's better if I don't do so. :-) Thank you again. --Csesznekgirl 18:41, 22 октомври 2007 (UTC)
Здраво Аце. Јас само да те известам дека го средив шаблонот. Доколку сакаш нешто друго да менуваш го сменив и нивото на заштита: искрено, не знам зошто е заштитен - никогаш немам забележано интерес на некого за промени. Сѐ до тебе, нормално. Кога ќе имам повеќе време мислам сосема да го променам шаблонот (не знам дали си ги видел на англиската, но мене, лично, многу ми се допаѓа). Можеби би требало и сите шаблони од вакво карактер да добијат некој таков постандардизиран изглед. Но за тоа во иднина. Поздрав, --Виктор Јованоски 19:24, 31 октомври 2007 (UTC)
Пренасочувања
уредиБидејќи имаш креирано доста пренасочувања, би сакал да дадам коментар во врска со пренасочувањата.
Пример 1, Ф.К. Брегалница (Ф - точка - К - точка - празно место - Брегалница), Ф. К. Брегалница (Ф - точка - празно место - К - точка - празно место - Брегалница), пренасочуваат кон ФК Брегалница (Ф - К - празно место - Брегалница).
Пример 2, Моцарт пренасочува кон Волфганг Амадеус Моцарт или обратно Волфганг Амадеус Моцарт пренасочува кон Моцарт. Што е исправно?
Пример 3, FK Makedonija Berlin пренасочува кон ФК Македонија Берлин. Латиничната транскрипција на некој поим се пренасочува кон вистинската статија. Дали ова е добро или лошо? Дали ова пренасочување треба да постои или не?
Пример 4, Makedonski brod пренасочувакон Македонски Брод. Ем латинична транскрпција ем Брод со мала буква. Погрешно пренасочување, 100%.
Која е главната идеја на пренасочувањето? Два или повеќе лексички и граматички точни израза кои се однесуваат на единствен поим, место, настан, објект и слично, а не се во широка употреба да се пренасочат кон статија чиј назив е исто така лексички и граматички точен а е во широка употреба и се однесува на односниот поим, место, настан или објект.
Но што се случува кога некој сака да си игра со пренасочувањето, со интенција или без интенција, злонамерно (вандализам) или со добри намери.
Пример 5, ФИРОМ пренасочува кон Република Македонија (беше еднаш вака). Ова е направено со интенција. Кои пораки се пренесуваат со ова?
И да не набројувам, има уште многу примери (добри и лоши). Поентата ми беше кога веќе активно даваш придонес на википедија на македонски јазик вршејќи одредени пренасочувања, тогаш да ги имаш во предвид ваквиите и слични ситуации и можните реперкусии кои можат да произлезат од сето тоа. Бидејќи тоа остава простор на еден перфиден начин да се врши вандализирање.--brest 07:06, 1 ноември 2007 (UTC)
- Одлично е што се грижиш brest, треба секогаш да внимаваме на вакви ситни, но важни работи. Јас те уверувам дека знам што правам, ама сепак те молам секогаш кога ќе приметиш некој недостаток во моите (и сечии) уредувања, да ми дадеш до знаење. Па, да почнеме:
- 1. Фудбалските клубови најчесто се запишуваат во овој стил: ФК Вардар. Затоа, сите други варијанти и спелувања треба да пренасочуваат кон ова име, од (верувам) за тебе јасни причини. Реперот над реперите - англиската Википедија - се води по тоа правило. Пример: F.C.Barcelona, Barcelona F.C., Futbol Club Barcelona, Barcelona FC Barça и уште еден куп други имиња пренасочуваат кон FC Barcelona.
- 2. Јоханес Хризостомус Волфгангус Теофилус Моцарт е неговото целосно крстено име, Моцарт е само последниот дел од презимето (не може статијата да се вика само Моцарт од многу причини), а неговото најчесто употребувано и најпознато име е Волфганг Амадеус Моцарт. Затоа статијата секако ќе се вика Волфганг Амадеус Моцарт, а другиве ќе пренасочуваат кон неа. Реперот е повторно англиската Википедија, односно нејзините напатствија за именување на статиите и пренасочување, коишто се темелени на мудри одлуки од страна на најпосветените корисници, затоа мислам дека не треба да се сомневаме во тоа, а сепак треба да ги прочитаме напатствијата. И ние го имаме ова напатствие, но за образложување и спецификации има црвена врска. Би требало да обрнеме внимание на ова.
- 3. Латиничната транскрипција не мора да пренасочува, но за вакви специфични статии не би дошла лошо. На пример, уште поспецифична е статијата Битлс: Beatles и Битлси пренасочуваат кон неа. Едно е сигурно: сите варијанти на името мора да пренасочуваат кон една статија; а за тоа кое треба да биде името на статијата, треба да се договориме! И тоа убаво да се договориме! Правописот вели едно, логиката вели друго, јас велам трето, затоа треба да се договориме (не да гласаме!). Инаку, на англиската Википедија, на пр. Скопје (кирилично!) пренасочува кон Skopje.
- 4. Дефинитивно, брод треба да биде со мала, а тоа е објаснето и во напатствието. А пренасочување од латиничната транскрипција навистина не сфаќам зошто е потребна овде, но сепак, не пречи, на никој начин не пречи.
- 5. Лично, јас сум против било каков компромис за името! Но ова е нешто сосема друго. Страница за пренасочување не пречи никому, апсолутно никому, служи само за да помогне, и нема никакви пораки. Според мене, би можело да постои статија Фиром којашто ќе даде некои детали за оваа референца, кога/како/зошто било одлучено таа да се користи и слично. Таа статија не би требало да има никакви скриени пораки, особено не антимакедонски. Ако не постои таква статија, тогаш мора да пренасочува кон Република Македонија, бидејќи ФИРОМ е референца за таа држава, и кога во ОН ќе кажат ФИРОМ, сигурно не мислат на Зимбабве. Сакале ние или не, тоа е договорената референца (од страна на грдите србо-социјалисти) и тука не игра улога нашиот гнев. Овде мора да се забележи дека против здравата логика е да се дискутира дали статијата треба да се вика Поранешна Југословенска Република Македонија, тоа е споменато дури и на англиското напатствие! :D хехе
- 6. Се сеќавам, еднаш мислев дека е правилно статијата за Гештапо да се вика Гештапо, наместо Гестапо, но подоцна сфатив дека Гештапо треба да пренасочува кон Гестапо, бидејќи (иако Гештапо е правилно) најчесто користениот израз кај нас е Гестапо, уште „од времето“. А така вели и напатствието.
- Убава дефиниција за пренасочување, но не разбирам зошто мене ми го спомнуваш злонамерното. Сфаќам што е работата. Убаво што ме потсетуваш да внимавам на такви работи, но не го сфаќам поводот. Мислам, сум направил некое неправилно пренасочување? Сепак, мислам дека мора да имаме страница којашто ќе биде напатствие за пренасочување, којашто ќе се темели на договор! Во најголем дел треба да биде одраз на англиските конвенции, само оние работи што се карактеристични само за македонскиот јазик, ние да си ги договориме. Страницата Википедија:Именување на статии е добар водич, но навистина мора да се среди и да се прошири, a црвените врски да станат сини :)! Интересно е што во сите напатствија има нешто вакво: Образложување и специфики: НЕПОСТОЕЧКА СТАТИЈА! Уште еднаш сакам да потенцирам дека се работи за конвенции, во превод - договори помеѓу мудри луѓе! А, исто така, треба да имаме и многу од оние што на англиски ги викаат Manual of Style! Многу нѝ се потребни, особено за новите корисници (и слично)! Поздрав, brest, се надевам дека ќе направиме нешто во врска со ова! iNkubusse 20:55, 1 ноември 2007 (UTC)
Превод
уредиГи преведов двете пораки што ми ги прати. Целиот превод се наоѓа во посебен именски простор: МедијаВики, кој само администратори може да го уредуваат. На едно место може да се видат на Специјални:Allmessages. --Милош 03:17, 2 ноември 2007 (UTC)
Македонски месеци
уредиТоа е дел од нашето народно културно богатство и треба да си го цениме и да го заштитме од заборав, а имам план и ние нашава дружина да направиме „Македонски календар“ ама за тоа на долго и на широко ќе ти објаснам кога ќе се видиме. - Марио Шаревски - Македонец 16:19, 4 ноември 2007 (UTC)
Благодарам
уредиБлагодарам, благодарам. Да ти се врати! Јас како голем љубител на чајот едноставно морав да ја направам оваа статија, со надеж дека со тоа овој прекрасен пијалак би доживеал извесна популаризација во Македонија. :) --Bjankuloski06 22:24, 4 ноември 2007 (UTC)
... е блокиран. Патем, го виде ли порталот, ми треба помош за проектот со биографиите. --Милош 10:43, 11 ноември 2007 (UTC)
- Одлично. Го видов порталот, ама... не знам дали сум глуп или слеп, не сфаќам за што ми зборуваш... :( Кој проект со биографии? Сериозно не можам да најдам ништо, дај те молам упати ме подобро, до разговорот или до проектот. Со задоволство ќе помогнам! Поречанец A? 15:40, 11 ноември 2007 (UTC)
- Википедија:Портал/Идеи#Предавање на Институт за Информатика --Милош 17:02, 11 ноември 2007 (UTC)
Бришење на страници
уредиЕј ако можеш избриши ги оние страници за теленовели кои не ми се направени, немам време да правам, а не сакам така да стојат, коа ќе имам време паралелно ќе ги завршам ама не во скоро време... тоа се: Двојно лице, Семејни Интриги и Бојата на гревот. Патем она за лиценци на слики не разбирам коа ќе а подигнам сликата треба само да одберам некоја лиценца која е наменета за неа, или? Поздрав... -- ESC 23:25, 12 ноември 2007 (UTC)
- Е да можев, ко што не можам :) Само администратори можат да бришат страници, јас не сум администратор. Види Википедија:Администратори и одбери си еден од активните администратори.
- За лиценците, многу е едноставно, само одбери ја соодветната. Е сега, ако ни една од понудените во паѓачкото мени не ти изгледа соодветна, на страницата Википедија:Лиценци за слики се наведени сите лиценци достапни на македонската Википедија. Таму ќе ја најдеш онаа што ти треба, ќе го ископираш влезниот код (на пример {{Некаква си лиценца}}) и ќе го пишеш во полето „Опис“ кога ја подигнуваш сликата. Можеш лиценцата да ја наведеш и откако веќе си ја подигнал сликата. Само оди „Уреди“ и таму бутни го шаблонот. Ако никако не можеш да се одлучиш за лиценца, најдобар репер е англиската Википедија, таму види каква лиценца ставиле за таа слика (ако ја има нормално), а на крај веќе ако навистина не знаеш што да правиш, побарај помош од некој поискусен :) Само немој да заборавиш прво да проверуваш да не е случајно сликата во комонс, а ако не е, подигни ја со описно име. А сега, добра ми ноќ :) Поречанец A? 23:34, 12 ноември 2007 (UTC)
Извинување
уредиИзвини така што поправаш по мене по се изгледа ќе треба да поработам малку повеќе на граматиката отколку на историјата на македонците :) Поздрав--Астрион 14:26, 22 ноември 2007 (UTC)
- Хехе, нема проблем, сѐ за нас! Важно приметуваш и се трудиш, а впрочем и тоа е начинот на работа на Википедија: едни за ова, други за она ;) Поздрав и до тебе. Поречанец A? 14:29, 22 ноември 2007 (UTC)
- Ама да знаеш дека за некои работи човек стварно не го бидува ама што сака нека биде :) Толку се трудев горе да си го качам твојот нов шаблон ама никако да успее :( Фала ти за помошта--Астрион 19:15, 23 ноември 2007 (UTC)
- Нема проблем брат, викај кога и да ти треба нешто! ;) -- Поречанец A? 19:23, 23 ноември 2007 (UTC)
- Уште едно прашање: Дали можам и јас да си создавам шаблони(мислам дека одговорот ќе биде ДА) но сакам да знам како се создава, бидејќи нема објаснување... --Астрион 21:23, 23 ноември 2007 (UTC)
- Многу едноставно: само почни нова страница во именскиот простор „Шаблон“, односно со претставка Шаблон:, и уреди го. Пример: Шаблон:МојШаблон. Треба да знаеш барем некоја од техниките за пишување шаблони и некој скриптирачки јазик (најважно е html да знаеш). Всушност, ако не знаеш ништо од тоа, а сакаш да направиш шаблон врз основа на постоечки шаблон, само ископирај го постоечкиот во новиот и измени ја содржината. Ако ти треба помош, прашај ме мене, најверојатно ќе можам да ти помогнам. Ако ти треба помош за html, побарај на www.google.com :) Поречанец A? 12:07, 24 ноември 2007 (UTC)
- помош на Грузија--Астрион 13:26, 24 ноември 2007 (UTC) Фала за уредувањето, но зошто неможам да ја намравам мојот е-маил шаблон (белки ме сфаќаш што сакам да те прашам)--Астрион 13:28, 24 ноември 2007 (UTC)
- Уште едно прашање: Дали можам и јас да си создавам шаблони(мислам дека одговорот ќе биде ДА) но сакам да знам како се создава, бидејќи нема објаснување... --Астрион 21:23, 23 ноември 2007 (UTC)
- Нема проблем брат, викај кога и да ти треба нешто! ;) -- Поречанец A? 19:23, 23 ноември 2007 (UTC)
- Ама да знаеш дека за некои работи човек стварно не го бидува ама што сака нека биде :) Толку се трудев горе да си го качам твојот нов шаблон ама никако да успее :( Фала ти за помошта--Астрион 19:15, 23 ноември 2007 (UTC)
Хм, не те сфаќам :) Кој е-маил шаблон? Поречанец A? 15:33, 24 ноември 2007 (UTC)
- па еве си направив шаблон оти сум од Струмица на пример, а сега сакам и шаблон кој ќегласи “е-маилот на овој корисник е tiveropolnik_mk@yahoo.com“ ама сликата не може да ми се појави како струмичкиот грб... ама ај да не те замарам--Астрион 16:28, 24 ноември 2007 (UTC)
Добро, добро мислам дека успеав--Астрион 16:33, 24 ноември 2007 (UTC)
Македонски јазик на Википедија
уредиТочно е дека имам видено некои статии на бугарски јазик, но тоа е ретко и веднаш се менува. Од друга страна, не е забрането корисничките странци да бидат на туѓ јазик, иако препорачливо е да има барем нешто на македонски, и, се разбира, да има кутија која ќе го назначи нивото на познавање на нашиот јазик. Што се однесува до нивниот став за македонскиот јазик, извесни бугарски корисници ја оспоруваат „фактичката“ точност на статиите поврзана со тој јазик, но досега не сум забалежал дека некој инсистирал самата мк Вики да биде на бугарски (тоа е апсурд).
Во секој случај, не гледам простор за загриженост бидејќи и така тие неможат да докажат дека македонскиот е бугарски дијалект. Тоа може да остане спор по страниците за разговор, но не гледам како може да го загрози интегритетот и македонскиот карактер на енциклопедијава. Доколку има конкретни примери каде некој се обидува да наметне екстремни ставови или мерки, слободно посочи ми го, и јас ќе направам сѐ што можам за да се елиминираат таквите проблеми. Поздрав, --Б. Јанкулоскиразговор 07:53, 25 ноември 2007 (UTC)
Види претходен наслов
уредиКога сме кај (не)присутност на Википедија, мене ме нема (доста) подолго од два дена. Но мислам дека ти надополнуваш за сечие отсуство: кога така повремено ќе ја посетам Википедија и ќе ги погледнам скорешните промени, 90% од зборовите што ги гледам почнуваат на INkub и завршуваат на usse. Имај го во предвид фактот дека ми се наместени 500 наслови во прилагодувања! (Ако не сфати, тоа значеше одмори се малку, Александар!) Кога сме кај прилагодувањата, види консултирај се со Милош околу преводот на некои англиски фрази - ги има доста. А јас немам многу време.
За темата. Како што веќе знаеш, јас сум прилично космополитски ориентиран и различностите ги сметам за еден од цивилизациските благослови. Така што, лично, воопшто не ми пречи тоа на кој јазик пишуваат луѓето (нормално, се додека се работи за страниците за разговор). Мислам дека и тебе не ти пречи јазикот на кој пишуваат, туку она што тие го пишуваат - ако не се лажам, ти комуницираше со Артјом и го преведуваше неговиот украински. Сега, нормално дека има разлика - во вториов случај, Артјом се трудеше да пишува на македонски. Но, тоа е тоа - во глобала, на доста Википедии е дозволено да се користи мајчиниот јазик во страниците за разговор се додека е истиот разбирлив. Јас, искрено, си имам прилично проблеми со разбирањето на бугарскиот, но - се трудам. Во секој случај, како што веќе ти рекол и Бојан само оној што се обидува да наметне екстремни ставови може да биде покритички третиран. Нив слободно посочувај ги.
Толку од моето слободно време. Поздрав, --Виктор Јованоски 12:23, 25 ноември 2007 (UTC)
- Токму така, мислев на оние поекстремните. А такви се сите оние кои ставаат кутии mk-N, а не знаат ни зборче македонски и ми создаваат огромни проблеми кога треба да се разбереме. А кога ќе им го кажам мојот проблем на најучтив начин, веднаш почнуваат со тоа дека сум србоман(?!). Фала за слободното време, ќе размислам и јас за одмор :) Поречанец A? 13:14, 25 ноември 2007 (UTC)
Секако дека сум забележал што работиш и секако дека можеш да ги средиш шаблоните. Само пази да не се премориш - многу обврски си си припишал. --Виктор Јованоски 07:48, 3 декември 2007 (UTC)
Би сакал да прашам...
уредиСакам да те прашам, зошто нашата верзија за одредена статија не се појавува во другите википедии, дали тоа треба ние да го правиме или тоа е автоматско. Ајде поздрав--Астрион 17:09, 4 декември 2007 (UTC)
- Тие врски (за други јазици) се викаат интервики врски и се наоѓаат секогаш најдолу (кога ја уредуваш статијата), веројатно знаеш. Постојат ботови што копираат интервикија од една верзија во друга, ама за да ја ископираат mk-врската, прво мора таа да се наоѓа на барем една друга верзија. Односно, на пример, на наша статија ставаш en, на англиската ставаш mk, и после на сите други се копира македонската, а на македонската се копираат сите други. Најдобра пракса е да ги ископираш сите интервикија (од англиската) на нашата статија (но не заборавај и англиската да ја ископираш), а на англиската да ја додадеш нашата. Пример, [[en:Strumica]] на нашата, а [[mk:Струмица]] на англиската, а другото ботовите ќе го средат. Ако не сум доволно јасен, прашај што те буни уште (јас би прашал да сум на твое место:D). --Поречанец A? 19:16, 4 декември 2007 (UTC)
Please, could you translate this article onto the language of this Wikipedia? Thanks for your help. --Parolu Esperanto 15:12, 11 декември 2007 (UTC)
- Sure, here it is. By the way, the language of this Wikipedia is Macedonian ;) --Поречанец A? 23:11, 11 декември 2007 (UTC)
- Thanks for your help! If you wanna translate any article onto Spanish, Catalonian, Galician or Aragonese, tell it to me. --Parolu Esperanto 14:44, 12 декември 2007 (UTC)
Request for Help, please
уредиGreetings Aleksandar Miloeski,
Could you kindly help me translate these passages into the unique and honourable Macedonian language? Please.
- "Receiving the Holy Spirit, evidenced by speaking in tongues, is the guarantee of our inheritance of the Kingdom of Heaven".
- "Water baptism is the sacrament for the remission of sins and for regeneration. The baptism takes place in natural living water, such as the river, sea, or spring. The Baptist, whom already had received baptism of water and the Holy Spirit, conducts the baptism in the name of the Lord Jesus Christ. And the person receiving the baptism should be completely immersed in water with head bowed and face downward".
- "The sacrament of feet washing enables one to have a part with the Lord Jesus. It also serves as a constant reminder that one should have love, holiness, humility, forgiveness and service. Every person who has received water baptism should have their feet washed in the name of Jesus Christ. Mutual feet washing can be practiced whenever is appropriate".
Your help would be very Gratefully Appreciated, Thankyou very much. --Jose77 04:14, 13 декември 2007 (UTC)
- Sure buddy, here it is:
- „Примањето на Светиот Дух, потврдено со зборувањето на јазици, е потврда за нашето наследување на Царството Небесно.“
- „Крстењето со вода е верски обред за избавување од гревовите и препородување. Крстењето се врши во природна вода, како река, море или извор. Крстителот, кој веќе е крстен со вода и Светиот Дух, го врши крстењето во името на Бог Исус Христос. Личноста која го прима крстењето треба да е целосно потопена во вода со главата наведната и лицето надолу.“
- „Обредот на миење на стапалата ни овозможува да се соединиме со Господ Исус. Исто така служи и за постојано потсетување дека треба да имаме љубов, светост, човечност, простување и служење. Секоја личност која била покрстена треба да ги измие нозете во името на Исус Христос. Заемно миење на стапалата се практикува секогаш кога е соодветно.“
Thankyou very much
уреди- THANKYOU SO MUCH Aleksandar Miloeski for your Excellent Translation effort!
- I am very very Grateful.
- May God Bless You!
- If you want any of your favourite articles to be translated into the Chinese or Taiwanese language, then I would certainly be glad to help you.
- Yours Sincerely, From --Jose77 04:54, 13 декември 2007 (UTC)
Приватно прашање
уредиСтварно, веќе кога си пишуваме толку време (без разлика на тоа колку е тоа време) ме интересира дали се точни твоите податоци на твојата корисничка страница, дека поседуваш толку многу знаење, јазици кои ги збориш и.т.н. Стварно сум изненаден бидејќи толку “младо дете“ разбира толку работи. Браво. Добро е што и двајцата се викаме Александар. Мислам оти не ти пречи оти ова те прашувам--Астрион 20:39, 14 декември 2007 (UTC)
- Хехе, интересно. Не ми пречи ;) Па види, според бугарите, нит сум толкав, нит така се викам, нит нешто од тоа е вистина. Ама знаеме колку вистини кажуваат бугарите ;) Податоците на мојата корисничка страница се точни, ама има финти хаха =) Јазиците што се наведени убаво пишува дека само ги разбирам, и тоа делумно. А инаку зборувам само македонски и англиски и по нешто француски. А дека разбирам, разбирам дури и хебрејски по нешто, а не па руски. Друго нема нешто посебно, само дека програмирам, ама и тоа е финтаџиски :D Паскалот го растурам, ама Це не знам ни јас колку знам, повеќе е од просечно, а многу помалку е од експертски, па затоа не одредив точно колку знам, туку само дека знам. Исто е и со јава и цсс. Ама бајаги се разбирам во тие работи, можеш да видиш и од моите придонеси во шаблоните со парсер-функции и други работи на Википедија. И на крај азбуките, да, ги познавам тие азбуки (B|</\Y4YBAJ|'<|/| JA |/| 1337) хихихи =)). Не е нешто посебно, имам 18 години, ама сепак, многу сум поласкан, фала многу! И многу сум горд што го носам тоа име, иако викат грчко било :P Ај така, ако ти требам нешто, знаеш кај да ме најдеш. :D --Поречанец A? 20:52, 14 декември 2007 (UTC)
Request for Help (last)
уредиGood Morning Mr. Aleksandar Miloeski ,
Could you kindly help me translate these passages into the brilliant and fantastic Macedonian language? Please.
- "The Sabbath day, the seventh day of the week (Saturday), is a Holy Day, blessed and sanctified by God. It is observed under the Lord's grace for the commemoration of God's creation and salvation and with the hope of eternal rest in the life to come".
- "The Holy Communion is the sacrament to commemorate the death of the Lord Jesus Christ. It enables us to partake of the flesh and blood of our Lord and to be in communion with Him so that we can have eternal life and be raised on the Last Day. This sacrament should be held as often as possible. Only one unleavened bread and grape juice is used".
- "The church, established by our Lord Jesus Christ, through the Holy Spirit during the time of the 'latter rain', is the restored true church of the Apostolic time".
Your help would be very Gratefully Appreciated, Thankyou very much. --Jose77 20:51, 14 декември 2007 (UTC)
- Good evening though :P Ye, of course I'll help you:
- „Сабат, седмиот ден од неделата (сабота), е Свет Ден, благословен од Бога. Се почитува за паметење на создавањето и избавувањето од страна на Господ, со надеж за вечен одмор во идниот живот.“
- „Светата причест е обред за паметење на смртта на Бог Исус Христос. Тоа ни овозможува да ги вкусиме телото и крвта на нашиот Бог и да се причестиме со Него, за да можеме да имаме вечен живот и да воскреснеме на Последниот Ден. Овој обред треба да се извршува што е можно почесто. Потребен е само еден бесквасен леб и гроздов сок.“
- „Црквата, основана од нашиот Бог Исус Христос, преку Светиот Дух за време на „второто доаѓање“ е возобновената вистинска црква од апостолското време.“
Barnstar Award
уредиThankyou very very much Aleksandar Miloeski for your Superb translation! The Macedonian language looks Awesome!
The Original Barnstar | ||
For your many months of service to Wikipedia, I, Jose77, hereby award you this barnstar. --Joseph, 02:41, 15 декември 2007 |
фала
уредиФала Сашо, направил, поставил на мојата страница, не ми треба ништо да правам. Добар е, ти си во својот стил, брзо и квалитетно, и фала за статијата на Јулија.
Tjuha 21:54, 16 декември 2007 (UTC)
Помош окколу Мајкал Кеин статијата
уредиЗдраво Се обраќам за помош околу статијата за Мајкал Кеин. Податоците што се објавени таму се 100% точни и се превземени од www.wikipedia.com. На статијата стои дека статијата не е средена по стандардите на википедиа па ако може да ми кажете кои дел не се среден и што треба да направам. Поздрав.