Добре дојде!

Здраво, Brsjakovski, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде!--Ehrlich91 (разговор) 09:45, 31 август 2018 (CEST)Одговори

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

уреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)Одговори

Додавање извори

уреди

Здраво, забележав дека додаваш податоци за родовите по селата, како и нивното селење исто така по родови, што е одлично :) Јас само би те замолил истите тие податоци и надополнувања да бидат поткрепени и со извори од каде ги црпиш овие информации. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 11:18, 3 септември 2018 (CEST)Одговори

Совети

уреди

Одлични ти се внесовите по селата за родовите и само така продолжи. Јас сега ги прифаќам сите твои измени и правам одредени ситни промени и подобрувања, кои би сакал да ги забележиш и да ги применуваш понатаму. Имено, кога се работи за придавка „македонско, македонски“ се пишува со мала буква и така е според правописот, додека народот си е со голема буква „Македонци“. Грешка која гледам ја имаш во сите твои внесови, како што и често се сретнува во медиумите. Исто така, интерпункциските знаци (како точки, запирки, итн.) се ставаат пред да се наведе самиот извор. --Ehrlich91 (разговор) 21:23, 26 септември 2018 (CEST)Одговори

Навистина одлична и многу корисна работа правиш со внесувањето на родовите во селата. Би сакал да ти предложам во твојата понатамошна работа да ги изоставуваш бројките на куќите (пр. Ѓегиновци (3 к.)) бидејќи тоа се многу стари податоци од книгите на Трифуноски, Русиќ, Брадина, постари и од 60 години кои не соодветствуваат со денешните состојби. Секако од извонредно значење е секој читател да прочита кои родови живеат или живееле (го сочинувале) некое село и затоа е најбитно нив да ги има сосе нивната историја, родослови (генеаологија) и други податоци. Јас лично кога внесувам ги изоставувам бројот на куќите, а во оној дел каде што пишува историја на нивното доселување секогаш збирно ги ставам годините соодветно на денешното време, на пример ако Јован Трифуноски во 1951 запишал дека Чачанковци се доселиле во Морани пред 160 години, јас наведувам 228 години. Чисто за да биде посоодветно за современиот читател. Секоја чест и продолжи со одличната работа! -- Марио Шаревски - Македонец (разговор) 13:37, 11 јануари 2019 (CET)Одговори

Шеста ударна бригада

уреди

Стефан, веќе ти имам укажано дека ова се енциклопедиски статии и дека не треба детално да се опишува за секој настан. Па така, имињата на сите учесници во некоја бригада можеби е битна информација за монографија во некоја книга, но не е важно да биде ставено во пасус од статија за селата. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 19:34, 1 февруари 2019 (CET)Одговори

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Ракомет

уреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Опомена

уреди

Како така си земаш за право да ги менуваш табелите во сите села, кога веќе истите се уредени и даваат доволно јасна слика. Ако си продолжиш на овој начин, ќе бидеш блокиран, а во меѓувреме ти ги одземам правата на уредник и сега твоите уредувања нема да бидат автоматски прифаќани. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 10:29, 4 април 2020 (CEST)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори

носии од преспа, бранислав русиќ

уреди

гледам дека имаш додадено извор кај селото лева река кое докажува дека имаш добиено пристап до архивскиот фонд на русиќ

дали можеш повторно да добиеш пристап до фондот да најдеш што повеќе податоци за носиите од селата? (и машки и женски) Big ooga booga mf (разговор) 01:33, 17 јуни 2024 (CEST)Одговори