Разговор со корисник:Bjankuloski06/Архива 3
Colakoski
би било фино (пошто не сум админ и неможам да бришам статии) да ми објасни некој зошто статиите:
- Претставништва
- Представништва
- Представништвата
- Дипломатските , трговските и представништвата
- Дипломатското право
- Дипломатско право
воопшто постојат бе?
ај шо немат врска имињата, суредив јас една и ја преместив кон: Дипломатско претставништво... ама ова мислам нема смисла кажете му на чоеко како админи дека треба да обрнува внимание на статиите и на форматингот и на сите такви ствари... енивеј и вие како админи треба да гледате и да обрнувате внимание на новите статии а не некој друг да ви кажва...
--USER QUIT 14:18, 2 септември 2006 (UTC)
- Админите току тоа и го прават. Овие биле случајно испуштени. Одговорност на корисниците е да не прават статии со членувани или грешно напишани наслови. Доколку такво нешто се случи (како да речеме претпоследниот пример - членуван наслов) слободно премести ја статијата. Доколку сакаш нешто да се избрише, мораш да ми се обратиш фино и културно. Во спротивно не само што нема да ти завршам работа, туку и добиваш негативни поени како корисник. Поздрав. --Б. Јанкулоскиразговор 01:50, 4 септември 2006 (UTC)
- не е да ми завршиш мене работа туку на википедија. јас само сакав да посочам нешто ама ајде демон666 22:16, 11 септември 2006 (UTC)
- Јас би рекол дека токму тебе ти вршам работа, бидејќи (како што веќе реков) ние како админи и без тоа кога-тогаш ќе ги средиме. Само што ние имаме систем на приоритети и доколку некој од нас го поремети тој систем за да задоволи некоја твоја иницијатива, тоа е услуга, а не општа потреба. Како и да е, секоја твоја идеја ти дава позитивни бодови (и можни награди и пофалби). Ја почитувам твојата загриженост, но не и начинот на кој ја искажуваш (на пр. зборот „бе“ е многу непожелен на Википедија). --Б. Јанкулоскиразговор 06:14, 12 септември 2006 (UTC)
ок извини
енивеј заприметив нешто чудно шо незнам да го попрам: Звучна палатална плозива има проблеми некој со шаблонот МФА -демон666 14:43, 14 септември 2006 (UTC)
- Поправено, моја грешка. По консултација со Јанкулоски, наместо ИФА треба да стои МФА и мислев дека ќе помине со едноставно преместување. Сепак ќе мора да стојат двата шаблони, барем привремено. --Милош 17:10, 14 септември 2006 (UTC)
Провокативни корисници
Ej, GrekoMakedonski прави проблеми и се тоа, ама мислам дека Категорија:Провокативни корисници е генерално лоша идеја... Воопшто не е добра идеја да ги етикетираме корисниците, па макар и црни ѓаволи да се, не гледам никаква поента во тоа, а потенцијалот за идна злоупотреба на оваа категорија е огромен. Никаде на англиската или било која Википедија немам видено нешто такво... А со заштитата, не знам ни тоа колку е ОК, навистина е ретка практика да се заштитуваат кориснички страници. Интересен податок - IPто што вандализираше на таа страница е од Карлсруе, Германија. П.С. Кога ќе наминуваш накај пределиве северни македонски? :) --FlavrSavr 06:01, 15 септември 2006 (UTC)
еј
не да звучам некултурен, ама ај кирилизирај ги и сите имиња на албумите и песните од дрим тиатер. а како го транскрибира theater во тиатер? баш звучи на тиатр. а знам дека на српската е тиатр. енивеј ај кирилизирај ги сега сите имиња на албуми и на песни на википедија, имињата на другите групи и на сè. не барам кавга ако си мислиш така, ама ти кажвам нема смисла ова со кирилизацијата. или сè ќе се кирилизира или ништо, а знам дека ова дискусија се има праено на википедија ама ај баш да видам како сите групи ќе ги кирилизираме пр систем оф а даун или па албумите хипнотајз и мезмрајз.
- имам учено латински и мислам дека се вика Виа Игнација/Игнатија или најправилно Егнација/Егнатиа, во секој случај без Ј во виа. ај види и то како треба консултирај се.
- одежда во пушачко сако е бугарски збор фкрај мислам дека одело/облека е попригодно.
и стварно не мислам да се карам, само работата е шо немам админ права, па не можам како сакам и кај сакам да си гибам. me hopes we'll cooperate :)
Guitardemon666муабет 17:25, 18 септември 2006 (UTC)
- Согласен сум со ГитарДимн666. Кирилизација не треба да има на специфични имиња на групи. А и за одежда - не сум чул за таков збор во македонскиот литературен јазик. Boyan 17:48, 18 септември 2006 (UTC)
- И јас сум за тоа да не е задолжително да се прави транскрипција на брендови на кирилица. Имињата во секој случај би морало. Guitardemon666, можеш секаде да уредуваш, тоа што немаш админ права не значи дека си „член од понизок ранк“. Баш напротив, уредници имаат исти права, администраторските се користат само во неизбежни ситуации (вандализам и сл). --Милош 18:11, 18 септември 2006 (UTC)
- Не се лутам, нормално дискутираме. Кој рекол дека мислам дека се караш? :)
- Одежда незнам дали е бугарски збор...јас го знам како македонски архаизам кој мислев дека сеуште е валиден.
- За Вија Игнација се мислев што да направам и затоа побарав на Гугл. Испадна дека за мојата варијанта име 10 пати повеќе резултати отколку за Виа Егнација. Можеме да ставиме пренасочувачка страница.
- Колку што сум информиран насловите треба да се кирилизираат задолжително, а не зборови во нивните содржини. Сите знаете дека тоа не сум го направил. Но сега слушам од вас дека ни насловите не морало да се кирилизираат. Јас се извинувам, грешно сум бил информиран.
- Изговирите тиатр и тиатер зависат од дијалектот (американски/британски). Јас, како и секогаш, го одбрав британскиот. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 22:51, 18 септември 2006 (UTC)
ни вија игнација ни виа егнација - мислам дека виа игнација е најточно :) а баш зато имало и претходна статија Виа Игнација... мислам дека треба да се спојат двете најарно е така. ако немате против ќе пробам јас да ги спојам без да отфрлам ништо а и ништо да не се повторва. поздрав Guitardemon666муабет 12:23, 19 септември 2006 (UTC)
види
да те замолам нешто
гледам дека си поприлично активен, па зато најди време ако можиш да ги видиш и да ги ИЗБРИШИШ статиите во категоријата Статии за бришење.
Лиценци
Јанкуловски, не внесувај лиценци само колку да помине редот. Администратор си, треба да дадеш пример на другите корисници. --Милош 14:53, 14 октомври 2006 (UTC)
- Зборувам за Слика:TempleOfPortunus-ForumBoarium.jpg, Слика:Auckland.arp.750pix.jpg, Слика:Ilumzhinov.jpg. Стојам позади се што сум рекол. Пиши ми кога ќе бидеш онлајн, да нема недоразбирања. --Милош 22:49, 14 октомври 2006 (UTC)
Гласајте
Гласајте во однос на мојата кандидатура за администратор на македонската Википедија, како и за започнување на Викицитат на македонски јазик. guitardemon666 муабет guitardemon666
Јас штета?
Јас штета? ај да видам шо ќе прајш ако ме нема мене 1 месец? ни гледате шо чини шо не чини во статиите ни ништо! јас ако прам штета, кој прај тогаш арно незнам. ај поздрав и понездрав
Ej!
Здраво Јанкулоски!
За најновиот наш администратор немам ништо лично против него (и не ми смета што користи битолски дијалект, сепак тоа се страници за разговор), но единствено што му замерувам е пребрзото бришење на статиите. А инаку гледам дека се труди да ги уреди нестандардните статии.
Друго - за начелата и насоките треба многу да се работи. Ти благодарам за волјата за соработка - можеш да започнеш со уредување на делот "Типови на начела и насоки" во Википедија:Начела и насоки. Тие се основата на Википедија политиката. Можеш да започнеш со општите насоки.
P.S. Не заборавај на почетокот на статијата да го ставиш шаблонот ДелНН (дел од начела и насоки) :D
Поздрав, Boyan 02:42, 20 ноември 2006 (UTC)
Шехадет
Здраво. Најпрво те поздравувам и би сакал да ти кажам оти за билошто можеш да ми пишуваш и јас искрено ќе се обидам да давам се од мене да помогнам не само на темите за ислам туку и ѕа другите теми. За шехадетот ќе се обидам да проверам уште утре кога ќе имам време.
Поздрав. (Puntori 23:38, 20 ноември 2006 (UTC))
Категорија:Појаснувања
ја избришав пошто сите појаснувања одат во Категорија:Појаснување, која шо се додава самата со шаблонот {{појаснување}}... ако мислиш дека треба да се вика категоријата појаснувања, смени во шаблонот... како и да е, ја избришав откако се осигурав дека СИТЕ статии во категоријата појаснувања (кајшо имаше рачно додавано Категорија:Појаснување) се префрлени во категоријата појаснување (кај шо се додават со самиот шаблон).
guitardemon666 муабет guitardemon666
извини
извини
Здраво
Ви благодарам за топлиот прием мислам дека ќе имаме многу плодна соработка.Јас планирам да пишувам доста во категориите посебно за интернет и компјутерски науки.Нормално дека како почетник се соочувам со некои проблеми но верувам дека со ваша помош ќе ги пребродам во најблиска иднина.Моја голема желба е исто така да ги отвориме и како што би ги нарекле и ќерките на википедиа на македонски јазик.Моја уште поголема желба е да постанам еден од администраторите на македонската википедиа но се разбира се во свое време.Јас мислам дека би требало да има почести средби меѓу главните инволвирани во википедиа за да имаме подобра координација.Поздрав.ismet_wiki 15:13, 29 ноември 2006 (UTC)
Карпошево востание
Навистина податоците на интернет (слики, информации) се навистина оскудни. Јас имам една книга за Карпошевото востание, ама таа сепак е детска книга со илустрации на современи сликари. Инаку во историскиот музеј има доста материјали и документи но забрането е да се сликаат или да се копираат. Единствено што може е некако преку Википедија да ги замолиме... Поздрав- Македонец 19:05, 30 ноември 2006 (UTC)
За избрзаните потези
Б. Јанкуловски, јас повторно би се пожалил на твоите избрзани потези, поради кои доаѓа до недоразбирања, а потоа и до непријателска размена на оган. И тоа најчесто при секундарни, граматички, прашања. Ти кај статијата за Шарло самиот си заклучи дека не треба да има цртичка помеѓу презимето и прекарот и не само што ја пренасочи таа статија, туку пренасочи и не знам колку други статии, меѓу кои онаа за Ченто, за Корчагин итн. Совет за во иднина, совет кој се надевам конечно ќе го прифатиш: без избрзани потези. Ако сметаш дека нешто некому ќе му пречи, отвори разговор на страницата за разговор, а потоа чекај дури не се разјасни работата пред да преземаш потези. (Zdravko 11:12, 19 декември 2006 (UTC))
Колку што се сфатив, според тебе е во ред сега јас да земам да ги вратам твоите поместувања на претходните верзии со цртички, кои пак ќе кажам, се единствено прифатени во досегашната македонска литература? И да е така, мислам дека советот до тебе треба да го прифатиш, зашто ако и понатаму преземаш вакви еднострани чекори, некој друг ќе презема исто така едностани чекори, па ти ќе ја искористиш својата привилегија на администратор да го блокираш тој некој, кој после ќе ти се налути околу тоа блокирање и пак ќе се случи истата ситуација што ја имавме во јуни-јули, јас и ти. Затоа, прими добронамерен совет: без избрзани потези. (Zdravko 11:54, 19 декември 2006 (UTC))
- Јас не мислам дека то се избрзани потези... едноставно мислел оти така треба, зато ги сменал... зато е ова слободна енциклопедија, секој менва то шо смета дека треба да смени... ако има несогласвања, некој мисли дека така не треба, постој начин да се реши и то... гласање, или шобило... важно да се слуша гласо на мнозинството, па и за то се наоѓа начин... мислам дека сега засега треба да си остани вака, и ко ќе се реши тој проблем (да се вратат другите админи шо се отсутни) и да се гласа сосе нив... така јас мислам, ако не мислите така, сори :)
guitardemon666 муабет guitardemon666 [[Слика:Inverted Pentagram.svg|10px]]
гарантирам дека е бот
се деси ова пред некој ден... тогаш не беше логиран корисникот изгледа, пошто некоја IP адреса пишеше вакви статии... а ако не одговори на то шо му го пишав, значи е бот, или барем чоек шо мава copy paste од негде - па прекршва копирајт... рече и флаврсавр пред некој ден дека таквите статии се за бришење... а тука нема навредливо, јас му пишав на робертмк, и мислам понавредливо е шо не реагира тој (ако е чоек, а не автоматизиран бот :/). ај ако се побуни ќе ги вратам, ама не вервам дека ќе се побуни. РЅ, кога ќе ја менваме главната страница?
- не, не... види кај гласањето шо е за статиите за селата на порталот. има гласање над то со селата, за изгледот на главната страница, наместо актуелно да стои избрана слика... види шо пиши, гласај... Википедија:Портал/Идеи
Шаблон
Дали постојат шаблони за јазици како во случаот со (англиски), гледам за другите јазици не излегува.
И еден предлог, дали помисливте да на некој нацин ја обележите НОВА ГОДИНА - на почетната страна
Petkov Vladimir 13:21, 24 декември 2006 (UTC)
Наслов
Се снајдов за шаблоните, благодарам.
А за НОВА ГОДИНА и БОЖИК би било убаво да ги има (барем во одбрана статија или ....)
Petkov Vladimir 23:41, 24 декември 2006 (UTC)
новагодина
Леле и јас баш мислев за нова година да пишам :) видов немаме статија за нова година и таман реков :) ај ако не заедно да ја прајме, да се поделиме, шо викаш? (да ја преведваме од англиски мислев, ама нечини баш... ) ај ако не ќе земам јас од германски грчки ќе преведвам... си за? до крајо на неделата да ја завршиме.
- има и една општа само en:New Year, то да го прајме?
10px Guitardemon666 (разговор) 23:49, 24 декември 2006 (UTC)
Слика:Kale.jpg
Бояне здрасти! Абе преписах статията за Скопското кале в нашата уикипедия [1] и ми се ще да ползвам първата снимка. Да ама не си посочил нито лиценз, нито източник, а без тия данни ще я изтрият. Би ли ми помогнал с инфо отностно снимката. Поздрави! --Пламен Цветков (20:40, 27 декември 2006)
- Бояне пак съм аз... Написах статия за Самуиловата крепост в Охрид, тъй като имаше такава само за Самуиловата крепост в Петрич. Харесах си твоя снимка на крепостта с македонското знаме на кулите. Сложи лиценз и на тая снимка, за да мога да я изпозлвам. И въобще почнете политика на лицензиране на снимките, в противен случай те са неизпозлвами не само в bg-та уикипедия, но и в английската... Мисля, че в това отношение mk-та уикипедия изостава и то доста. Сърдечни поздрави! --Пако (10:53, 28 декември 2006)