Разговор:Цицерон

Последен коментар: пред 14 години од Brest-bot на темата brest-bot проверка на правопис

Мислам дека оваа страница треба да биде пренасочувачка кон Кикерон (а не обратно) зашто токму второво е правилниот изговор на класичен латински; уште одамна мислам на променава, само проблемот е што истата би предизвикала илјадници други интервенции (Едип --> Ојдип; Есхил --> Ајсхил; Зевс --> Ѕевс; Диониз --> Дионисиј; Цезар --> Кајсар...). Во правописот што јас го поседувам (Видоески, Димитровски, Конески, Угринова-Скаловска, Просветно дело АД, Скопје, 2005, стр. 72, 142. б)) пишува дека треба да се даде предност на традиционалниот изговор пред класичниот, но ова не само што не е практика, туку и сѐ повеќе строго се прекорува: тешко дека ќе најдете понов превод на некое дело од старогрчки или латински со традиционална транскрипција, уште потешко дека во предговорот на истото нема да биде спомната грешката во досегашното транскрибирање, и речиси невозможно во каталогизирањето на ликовите во азбучникот на крајот Есхил да го најдете под Е - веќе дури и нема пренасочувачки заглавен збор. И покрај сѐ, барем кога е во прашање Википедија, мислам дека за ова треба прилично опширна дискусија, зашто - како што погоре реков - секоја промена би имплицирала уште многу други. --Виктор Јованоски 08:09, 4 септември 2008 (UTC)

Знам и јас за тоа, но сепак мислам дека треба да остане Цицерон, бидејќи во истата литература каде што се споменува Кикерон се споменува и Кезар наместо Цезар што не е точно. Сепак според преводите на класичарите како Михаил Петрушевски од старогрчки и латински се споменува Цицерон.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:57, 17 септември 2008 (UTC)

brest-bot проверка на правопис

уреди
  • филизоф* во философ*, с наместо з, правописна грешка.

Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 22:33, 11 август 2010 (CEST), управуван од Brest.Одговори

Назад на страницата „Цицерон“.