Разговор:Фуџи (јаболко)
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Фуџи (јаболко)“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Mислам дека сте го помешале брзините. Оваа напишаново е сорта на јаболко од Јапонија. А корисникот кога напишал за јапонско јаболко мислел на овошјето Каки, односно Персимона или кај нас познато како јапонско јаболко. И интервиките се побркани. На англиската два наслова водат кон нашиов. Едниот е en:Fuji (apple), што е точен спрема овој наслов, а другиот е en:Persimmon, што е комплетно погрешно. --Raso mk 07:53, 22 јули 2008 (UTC)
- Јас сум збунет сега. Ова какито повеќе ми изгледа на урма на мене отколку на јаболко. Види ја и класификацијата во инфокутијата - не е ни блиску до розите, а не пак до родот на јаболката. Ако нешто што не е јаболко може да се нарече јаболко, алал им вера на тие што го крстиле така. Интервикито лаже, барем јас така мислам. Сега за сега, фуџито е јаболко, плус е од Јапонија, значи јапонско јаболко. Ако има некој постручен што се разбира од ова, нека поправа на лице место. Brainmachinewtf? 12:45, 22 јули 2008 (UTC)
- Видете вака. Тоа што тука во Германија се нарекува првенствено Каки (Медено јаболко, Персимоне) (што има потекло од Македонија, Јапонија и сл.), а тоа што има потекло од Израел (исто само нешто помало) се нарекува Шарон. Е сега знам дека и во Македонија има плантажи (Гевгелиско-валандовски крај) и го нарекуваат Јапонско јаболко. Бидејќи некој го донел растението од Јапонија, и веројатноста дека во Македонија го немало и најлесно било да се крсти Јапонско јаболко. Незнам што да правиме со поимот Јапонско јаболко, бидејќи во Македонија милион посто се мисли на Каки. --Raso mk 16:15, 22 јули 2008 (UTC)
Google ги разреши сите дилеми - клик Diospyrus kaki. Ок е, статијата ќе си стои како Фуџи, а за јапонско јаболко нешто друго ќе треба да напишеме. Brainmachinewtf? 17:18, 22 јули 2008 (UTC)
- Дополнително да ви помогнам со недоумицата — низ сето мое искуство, ваквиот плод сме го нарекувале или јапонско јаболко или, подеднакво често, рајско јаболко. Бидејќи ова е чест и прилично стандарден поим, предлагам да стои како еден од имињата, ако не и официјалното на енциклопедијава. (коментар од Корисник:Bjankuloski06 07:53, 24 јули 2008 (UTC))
Започнете разговор за Фуџи (јаболко)
Разговорните страници служат како место за разговор во врска со тоа како да се создадат најдобри можни содржини на Википедија. Тука можете да започнувате разговори со други околу подобрувањето на Фуџи (јаболко).