Разговор:Собрание на Република Македонија
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Собрание на Република Македонија“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Околу историјатот на зградата
уредиБаш добро дојде овој дел за историјатот на зградата на Собранието, но некако е преголем и со несуштински податоци од типот: „Во 1993 година е направена комплетна реконструкција на машинските сали за климатизација со нови современи клима-комори.“ Поради тоа, јас сум да се скрати овој дел и да останат само најсуштинските податоци. (Zdravko 08:13, 12 Јуни 2006 (UTC))
О:Околу историјатот на зградата
уредиОк се согласувам, но ајде точно да се договориме околу листата на непотребни техникалии. Односно кога некој нешто бара што е потенцијално од корист.
Се согласувам. Затоа и прво уште пред 4 дена ги најавив промените, па дури потоа и ги применив. Треба и да се има предвид големината и на останатиот текст. Не може една статија за Собранието да биде поголема во делот за историјатот на зградата отколку во делот за надлежностите и другите работи. Ако сметаш дека сум избришал нешто што сметаш дека е потребно да го има, слободно врати го назад, но сепак мислам дека се согласуваш дека податоци од типот: „Во 1993 година е направена комплетна реконструкција на машинските сали за климатизација со нови современи клима-комори.“ не се соодветни за оваа статија. Или пак делот за воведување на клима уреди :) (Zdravko 12:57, 16 Јуни 2006 (UTC))
Уредувачка војна
уредиДа ве предупредам сите кои инсистирате на нови промени врз статијата. Поради политичките проблеми во кои е вмешана Македонија може да ја исполитизирате и Википедија. Веќе почнаа портали да пишуваат дека и Википедија го „признала“ Џафери (кој фактор сме ние за признавање?). Не уредувајте и не ја вмешувајте Википедија во политика. Тоа сигурно нема да го дозволам. Ќе бидеме принудени да се преземат соодветни мерки. Штом се стабилизира ситуацијата во Македонија ќе си ги смените податоците. Се најдобро--Никола Стоіаноски 11:10, 30 април 2017 (CEST)