Разговор:Сетоле
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Сетоле“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
- Моето уредување во рубриката „Личности“ каде што беа наведени личностите на Мара Бунева и Тодор Скаловски е откажано, без никакво образложение за причините и мотивот на ревизијата. Како што може да се види и во самата статија под одредницата во „Надворешни врски“ Податоци за Сетоле тука јасно се наведеува потеклото на овие личности, кое е од Сетоле. Наведени се дури и библиографските изворници за ваквото тврдење. Според тоа, молам моето уредување да биде вратено, во спротивно ова ќе го сметам за своеволна и злонамерна вандализација на статијата. --MarSFreak (разговор) 14:09, 16 октомври 2009 (UTC)
- Поради барање на авторот на тие податоци, спорните личности беа тргнати од статијата. Авторот смета дека потрошил многу време во истражувањето на тие податоци, и истите не сака да бидат објавувани на други места освен во неговата книга. Се надевам дека ќе Наидете на разбирање. поздрав--Р ашо 14:15, 16 октомври 2009 (UTC)
- Добро, но со моето уредување не беше променета ниту буква во статијата ниту во било чиј друг текст, туку само извршено дополнување во рубриката за личностите, каде беа додадени основни податоци, кои веќе постојат на македонската Википедија. Значи, некој вид на крос-референца. Покрај тоа, податоци за тоа можат да се најдат и во делата на Јован Трифуновски. Поздрав. --MarSFreak (разговор) 14:50, 16 октомври 2009 (UTC)
- Јас му напоменав дека податоци за потекло на личности не можат да подлегнат на копирајт (всушност со малку изменет текст и референца се задоволуваат сите барања), но тој инсистираше. Доколку имаш податоци од други автори слободно вметни ги во статијата. Позз--Р ашо 14:59, 16 октомври 2009 (UTC)
- Поради барање на авторот на тие податоци, спорните личности беа тргнати од статијата. Авторот смета дека потрошил многу време во истражувањето на тие податоци, и истите не сака да бидат објавувани на други места освен во неговата книга. Се надевам дека ќе Наидете на разбирање. поздрав--Р ашо 14:15, 16 октомври 2009 (UTC)
Започнете разговор за Сетоле
Разговорните страници служат како место за разговор во врска со тоа како да се создадат најдобри можни содржини на Википедија. Тука можете да започнувате разговори со други околу подобрувањето на Сетоле.