Разговор:Мире Анастасов

Последен коментар: пред 3 години од Forbidden History на темата Години на затвор во Сремска Митровица

Години на затвор во Сремска Митровица уреди

Имам два извора во кој пишува дека затвор лежел во Сремска Митровица од 1936 до 1939, но во статијата од друг извор е напишано дека бил уапсен после 1929 (а во овие два извора пишува дека од 1928-1932 струдирал во Белгија и Франција) - значи не може да биде уапсен во 1929 и уште стоеше: "По провалата на Земското биро на КПЈ во Загреб, во 1929 година доаѓа до провала и во партиската организација во Македонија, а меѓу уапсените и затворените е и Анастасов. Казната од три години затвор ја издржува во Сремска Митровица. По излегувањето од затвор се вклучува во активностите на КПЈ, иако привремено е отстранет поради ставот во врска со ликвидирањето на фракцијата на Петко Милетиќ. Повторно е затворен во 1934-1935 година." Јас го променив во "По провалата на Земското биро на КПЈ во Загреб, во 1929 година доаѓа до провала и во партиската организација во Македонија, а меѓу уапсените и затворените е и Анастасов. Повторно е затворен во 1934-1935 година. Казната од три години затвор (1936-1939) ја издржува во Сремска Митровица, кога бил и исклучен од КПЈ. По излегувањето од затвор" - но нема текстот ни ваква смисла, па ако може некој од Админите или уредникот кој уредувал да ги усогласиме изворите. Благодарам Forbidden History (разговор) 17:40, 14 јануари 2021 (CET)Одговори

@Zdravko,пробав да разгледам мислам дека вие ја имате внесено таа реченица. Па ако имате време да ја разгледате статијава, бидејќи не се совпаќаат информациите кои беа напишани и кои ги дополнив (а ги земав од два извора). Ви благодарам,Forbidden History (разговор) 13:35, 15 јануари 2021 (CET)Одговори
@Forbidden History: Моето искуство на вакви ситуации, кога во повеќе извори се споменуваат повеќе временски периоди е да ги наведам сите, со тоа што ги раздвојувам. На пример, „црквата била подигната во 1876 година, иако во некои документи се наведува 1877...“. Сепак енциклопедиски е да се пренесе, не да се истражува. Поздрав --Ehrlich91 (разговор) 14:56, 15 јануари 2021 (CET)Одговори
@Ehrlich91, разбирам, ама сепак реков да проверам со уредникот, можеби во истиот негов извор, ќе најде одговор на ова прашање, па да ја дотераме заеднички. Ако нема податоци за тој дел, тогаш да ги пренесеме двата податока како што предложи. Благодарам. Forbidden History (разговор) 15:00, 15 јануари 2021 (CET)Одговори
Назад на страницата „Мире Анастасов“.