Разговор:Делчевологија

Последен коментар: пред 1 година од Виолетова на темата Википедија:Без свои истражувања

Википедија:Без свои истражувања

уреди

Со сета почит за обемноста и квалитетот на статијата, морам да ја изразам мојата скептичност околу терминот "делчевологија" и неговиот обем. Имено, мислам дека станува збор за оригинално истражување. Никаде, никогаш не сум чул за "делчевологија", ако не сум во право, Ве молам корегирајте ме. Се сложувам дека можеби треба да постои статија која ги документира сите дела и документи за и околу Гоце Делчев (на крајот на краиштата Dalco напиша толку многу што навистина не го собира во една статија :)), меѓутоа "делчевологија" едноставно е измислен поим кој нема никаква употреба надвор од Википедија. --FlavrSavr (разговор) 19:31, 23 август 2011 (CEST)Одговори

Посочениот извор не го потврдува постоењето на "делчевологија". Го разгледав изворот и никаде не можам да најдам дури ни употреба на таков збор (го молам авторот да ми посочи на која страна се споменува терминот, ако воопшто се употребува некаде во книгата). Дури и Андонов-Полјански да го искористил некаде како поим, тоа автоматски не му дава толкаво значење за да има цела статија посветена на "делчевологија". Не постои катедра за "делчевологија", не постои предмет "делчевологија", не постојат дури ни научници кои разговорно себеси се декларираат како "делчеволози", и на крајот на краиштата, мислам дека не постојат научници кои целосно ја посветуваат својата кариера на истражување на животот и делото на Гоце Делчев. --FlavrSavr (разговор) 17:21, 3 септември 2011 (CEST)Одговори

Мој предлог е статијата да се преименува во: Биографи на Гоце Делчев, бидејќи за тоа и зборува целата статија, кој е прв, кој биограф со кој аспект од неговиот живот се занимавал. Гугл дава само 10 резултати за поимот делчевологија, кои се чини се преземени делови од оваа статија. Нема друга потврда дека овој поим постои. - Виолетова (разговор) 22:17, 11 март 2023 (CET)Одговори
Назад на страницата „Делчевологија“.