Разговор:Гратис гушкање
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Гратис гушкање“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
ББ
уредиСтатијата повеќе наликува на рекламирање. Може да се избрише...--Тиверополник (разговор) 15:59, 23 ноември 2011 (CET)
Јас мислам дека треба да остане, сепак таа кампања е многу популарна во светот а и кај нас, и се разбира нема лоши намери, работат дечките за хуманитарни,едукативни,социјални работи, помагаат на луѓето...--Topanskoboy
- Статијата нема веднаш да биде збришана, но нејзината содржина псоочува дека станува збор за проект на невладина организација во Македонија. Мислам дека е неопходно да се додадат повеќе податоци и наведат повеќе извори кои потврдуваат дека станува збор за глобална иницијатива.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:23, 23 ноември 2011 (CET)
- P.S. Освен тоа, во прашање е и стилот на кој е напишана статијата. Се употребува прво лице ножина, што во никој случај не е прифатливо за било која енциклопедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:24, 23 ноември 2011 (CET)
Дозволете уште некои промени, па потоа како сакате одлучете, ставете ја на гласање, а за тоа прво лице множина, незнаев и незнам ни како би го сменил ...--Topanskoboy И дали може насловот да го сменам Проект „Гратис Гушкање“ за да биде еднина?--Topanskoboy Завршив со промените, може да смените само ПРОЕКТ „Гратис Гушкање“ да биде, и ставете на гласање, одставам на вас поздрав--Topanskoboy
- Мислам дека проблемот не е во насловот на статијата, туку во содржината. Воведниот дел го содржи следниов текст напишан во прво лице множина:
- „Нашиот тим претставува симболичен амбасадор на планетарната љубов. Ние веруваме во моќта на директниот контакт , во моќта на љубовта и прегратката. „Млади за Љубов“ на тој начин ќе изградат свет со повеќе љубов за идните генерации. Нашиот концепт кој е заснован на тимска работа , на еден синкретизам , а кој тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето“ ќе вроди сензационален пораст кој не е случајност , туку логички резултат на правилни одлуки , храбра визија и иновативни солуции ориентирани кон иднината. Луѓето се насмевнуваат на незаборавни искуства кои се темелат на комплетно разбирање и задоволување на нивните емоции.“
- Ова мора да се промени, бидејќи не е напишано на енциклопедиски стил. Немојте да ме сфатите погрешно, но никој нема ништо против вас лично или против ова движење. Едноставо, статијата мора да биде преработена во целост и да се наведе навистина зошто е значајна за истата да може да се смета за доволна да остане на Википедија, што би било од интерес на читателите.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:53, 23 ноември 2011 (CET)
Променето, сега мислам дека е ок...--Topanskoboy