Радуништа (Кајларско)

село во Кајларско, Егејска Македонија

Радуништа (грчки: Κρυόβρυση, Криовриси, до 1927 Ραδούνιστα, Радуниста) — кајларско село во Егејска Македонија, Република Грција.

Радуништа
Радуништа во рамките на Егејска Македонија
Радуништа
Местоположба на Радуништа во Егејска Македонија
Радуништа на карта

Карта

Координати 40°29′N 21°35′E / 40.483° СГШ; 21.583° ИГД / 40.483; 21.583
Шифра во ЕЛСТАТ 1403050302

Географија и местоположба

уреди

Сместено е на надморска височина од 700 метри, меѓу селата Дебрец и Салпово, на 10 километри југозападно од Кајлар[1]. Сместено е во подножјето на планината Мурик. Административно се наоѓа во составот на Општината С'лпово.

Историја

уреди

Едни од најстарите пишани податоци за селото Радуништа се среќаваат во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото е забележано дека имало 45 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 31 товар, јачмен до 4 товари, 'рж до 10 товари, граор, зелки, ореви, се обработувале лозја, се чувале свињи за што селото остварувало свкупен приход од 2373 акчиња[2]. До 1924 година селото било населено исклучително со Македонци, а како такво К’нчов го споменува со 91 жител, а Милоевиќ со 6 македонски куќи. По 1923 година година тука биле населени 121 бегалец, така што населбата станала мешана[1].

Стопанство

уреди

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи[3].

Население

уреди

Според пописот во 1920 година селото Радуништа имало 66 жители, а по населувањето на бегалци во 1928 година, бројот пораснал на 200 жители[1].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 285 236 217 168 248 204 191
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. стр. 300. ISBN 9989-9819-4-9.
  2. Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 388–389.
  3. Симовски, Тодор (1998). „VII“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 300.