Раде Тома Петковиќ ( 1924 во Дренак, Кумановско23 септември 1944 во Руѓинце, Кумановско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од земјоделско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народноослободителното движење, материјално ги помагал партизанските единици. Во август 1944 година стапил во третата чета на третиот баталјон на Осмата прешевска бригада. Со бригадата тргнал на борбен марш кон Скопје. Патем учествувал во тешките борби против балистите кај Лојане и други места. На 23 септември 1944 година, по жестоката борба против балистите кај селото Рудинци (Руѓинце), бригадата конечно се пробила на Скопска Црна Гора. Но, во таа борба, Раде бил погоден од непријателски куршум и загинал. Бил закопан на позицијата каде што загинал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 229. На |first= му недостасува |last= (help)